Факултет за физичка култура

Факултетот за физичка култура во Скопје е јавна високообразовна установа која врши високообразовна, научноистражувачка и применувачка дејност во областа на физичката култура и други подрачја кои се во тесна врска со дејноста на факултетот. Факултетот за физичка култура е во состав на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Факултетот работи согласно со одредбите на Законот за високото образование, Статутот на Универзитетот, другите општи акти на Универзитетот и Статутот на овој факултет.