Факултет за музичка уметност

Факултетот за музичка уметност – ФМУ е јавна високообразовна установа која врши високообразна, научно-истражувачка, уметничка и применувачка дејност од областа на музичката уметност. ФМУ својата дејност ја врши во состав на Универзитетот “Св.Кирил и Методиј“ во Скопје.

Прв циклус универзитетски студии

Студиски програми

- Музичка теорија и педагогија
- Композиција
- Музикологија
- Етномузикологија
- Оркестарско диригирање
- Хорско диригирање
- Сонологија со мултимедија
- Народни инструменти
- Соло пеење
- Флејта
- Обоа
- Кларинет
- Фагот
- Саксофон
- Труба
- Хорна
- Тромбон
- Туба
- Удирачки инструменти
- Виолина
- Виола
- Виолончело
- Контрабас
- Гитара
- Харфа
- Пијано
- Хармоника

На ФМУ наставата ја изведуваат наставници и соработници кои се во работен однос на ФМУ, но и наставници и соработници кои се вработени во други установи, а се избрани во наставно-научни звања на ФМУ (Македонската филхармонија, Македонската опера и балет, ДМБУЦ “Илија Николовски Луј“ и др.). Вкупно 50 наставници и 11 соработници работат на ФМУ.