Факултет за биотехнички науки-Битола

За Факултетот

Факултетот за биотехнички науки е најстара високообразовна институција на универзитетот  “Св. Климент Охридски” од Битола. Оваа институција е основана во 1960/1961 учебна година со решение на тогашниот Извршен совет на Народна Република Македонија. До 1999/2000 година работи како Виша земјоделска школа, кога прерасна во Факултет за биотехнички науки, како единствена образовна институција од областа на биотехничките науки во Република Македонија.

    Факултетот за биотехнички науки досега едуцирал различни профили на стручни кадри: инженери за сточарско производство, инженери по биотехнологија, додека од академската година 1999/2000 и дипломирани инженери за преработка на анимални производи.
    На факултетот за биотехнички науки постојат и се реализираат три акредитирани современи студиски програми за додипломски студии и една акредитирана студиска програма за постдипломски студии:
1.    Студиски програми за прв циклус студии:
    •    Преработка на анимални производи,
    •    Фармерско производство,
    •    Менаџмент во биотехниката.
2.    Студиски програми за втор циклус студии:
    •    Преработка на анимални производи,
    •    Фармерско производство,

    •    Менаџмент во биотехниката.

 

Начин на студирање

Начинот на студирање е во согласност со Законот за високо образование, како и со Правилникот за организирање на додипломски студии на Универзитетот \"Св. Климент Охридски\" Битола .
Бидејќи има голем број на изборни предмети, доколку се запишат помалку од 5 студенти за соодветниот изборен предмет, наставата за таа генерација ќе се изведува менторски.
Изборот на изборните предмети се прави со запишување на семестарот.
Самиот избор на изборниот предмет го прави студентот со помош на продеканот за настава или раководителот на насоката, односно со координаторот за EKTS на насоката.Студентите во текот на студирањето имаат на располагање сопствен автобус кој се користи за изведување на теренска настава во претпријатијата кои се знимаваат со преработка на анимални производи (млекари и месни индустрии) каде се запознаваат со производните процеси и за во фармите.
Студентите на Факултетот за биотехнички науки на студентската програма за преработка на наимални производи, и фармерско производство имаат на располагање современо опремени лабаратории од сите области за изведување на практични вежби. Покрај тоа факултетот располага со простор за преработка на анималните производи, каде студентите преработуваат и произведуваат такви производи.
Студирањето на факултетот за биотехнички науки, овозможува лесно и брзо совладување на наставната материја со примената на EKTS системот, каде во текот на студирањето нема повторување на семестар или година.