Skip Navigation LinksСтудии Интернационални Универзитет за Информатички Технологии и Менаџмент во Жешов

Универзитет за Информатички Технологии и Менаџмент во Жешов

Универзитетот за Информатичка Технологија и Менаџмент во Жешов е установа со дваесетгодишна стабилна традиција во доменот на високото образование и е еден од најпознатите универзитети не само во Полска туку и пошироко. Од почеток котира високо на меѓународните и државните рангови, така што оваа 2015 година зазема прво место во универзитетскиот ранг на Европската Комисија „У-Мултиранк” како лидер во научни истражувања, интернационализација и трансфер на знаење (повеќе ТУКА).

Од основањето во 1996 година до денеска на Универзитетот дипломирале над 70 000 апсолвенти, а актуелно студираат тука околу 8000 студенти на редовни и вонредни студии од прв и втор циклус студии, од кои скоро 2000 студенти се од странство, значи од Канада, САД, Германија, Украина, Русија, Турција, Индија, Малезија, Кина и Казахстан.



УИТМ е универзитет кој го негува мултикултурализмот, затоа од сопствени средтсва им овозможува на студентите од различни земји, меѓу кои и Република Македонија бесплатна едукација. На таа форма на студирање актуелно студираат над 1000 странски студенти кои добиваат 50% или 100% покривање од нивната школарина. Добивајќи ја дипломата од УИТМ студентите добиваат истовремено диплома која е акредитирана во сите 28 држави на Европска Унија и дополнително признана диплома во САД, Кина, Малезија, Сингапур и Иран.

Според статистички податоци во 2014 година, од 300 приватни и дрќавни универзитети во Полска, УИТМ се најде на 9-то место, а исто така и на 4-то место во рангот на најбарани апсолвенти на пазарот а трудот.

Бенефитите од студирање на УИТМ се моќната инфраструктура од три кампуси со огромен број на специјализирани лабаратории, double degree програма со која покрај дипломата од УИТМ, студентите се здобиваат со уште една диплома од универзитети-партнери во Германија, Данска, Кина, САД и Велика Британија. Задолжителни, платени пракси во најдобруите полски комапнии, Еразмус размена на студенти, меѓународни бизнис ( CIMA, COI e-DOK, European Junior Logistician), јазични ( TELC, LCCI,PTE, TOEIC), информатички (Microsoft, Oracle, CISCO Systems, ECDL) сертификати, со висок квалитет на предавање од страна на домашен и странски академски кадар.

УИТМ им нуди на интернационалните студенти четири факултети со настава на англиски јазик за студии од прв циклус (плус Физиотерапија од втората академска година) и три факултети за студии од втор циклус (магистерски).

Факултети со настава на англиски јазик – 1 циклус студии (додипломски)

1. International Management
2. Aviation Management
3. Finance and Accounting
4. Information Technology (3 спецјализаии Network Technologies, Programming, Computer Graphics)

Факултети со настава на англиски јазик – 2 циклус студии (магистерски)

1. - Information Technology
2. - International Management
3. - Logistic In transport

Зошто УИТМ?

УИТМ од почеток на своето основање со веќе 20 години традиција става огромен акцент на практичното едуцирање на идните професионалнци преку предавањата со бизнис практичари и експерти од различни научни сектори.

УИТМ е исто така познат по најсовремена инфраструктура и лаборатории, дигитализација на едукативниот систем, како и платени практиканства за своите студенти и апсолвенти за помош на нивната понатамошната кариера.

Универзитет за информатичка технологија и менаџмент претставува конзорциум од три универзитети во кој покрај УИТМ се Европски Универзитет во Краков и Универзитет за Администрација и Менаџмент во Замост.

Нашата мисија

1. Едукација на студентите според потребите на информатичкото општество и економијата, базирана на знаење кои создава нови економски, социјални и културни вредности.
2. Развивање на способности на студентите, потребни за живеење во општество со постојана трансформација, отвореност за промени, иновации и интелектуална мобилност.
3. Создавање на услови за формирање и проширување на иновативни и претприемачки ставови.
4. Водење на истражувачка дејност и поддршка за развој на млади таленти.
5. Унапредување на економскиот и социјалниот динамичен напредок на регионот.

Повеќе информации за Универзитет за Информатички Технологии и Менаџмент во Жешов под линкот