ПочетнаSkip Navigation LinksСтудии Останати високообразовни установи Бизнис-академија Смилевски - БАС

Бизнис-академија Смилевски - БАС

Почитувани интересенти,

Ве охрабруваме да вложувате во Вашиот развој и да бидете дел од професионалните и стручни студии по менаџмент кои ги нуди БАС Високата школа на две локации во Скопје и во Битола.

Ви нудиме можност преку студиските програми на БАС:

• Прв циклус на студии – Бизнис менаџмент – 3 години, 180 ЕКТС кредити и
• Втор циклус на студии – Стратегиски менаџмент – 1 година, 60 ЕКТС кредити

да стекнете професионални и стручни компетенции од соодветната област кои ќе најдат соодветна примена во пракса.

Ви нудиме студии кои се практични и интерактивни со целосен фокус кон студентите. Наставата ја изведуваме во мали наставни групи (макс. до 18 студенти во група) со цел да се даде можност на секој студент да учествува во наставниот процес и во стекнувањето и развивањето на клучните вештини. Работиме на бројни студии на случај, реални менаџерски проблеми, како и бројни симулации во кои е интегрирана и теоретската и практичната компонента на предметните програми.

Практичната настава е составен дел на студиската програма на прв циклус на студии. Преку неа Ви овозможуваме суштинско поврзување на теоријата и практиката што е и целта на нашите професионални студии по менаџмент. Практичната настава се реализира преку различни програми за практична настава кои според обемот и тежината Ве подготвуваат за работа уште од првиот работен ден.

Ние ги следиме Вашите потреби и Ви нудиме можности за редовно и вонредно студирање, како и студирање на далечина, синергирање или со трансфер на кредити од друга високообразовна установа. Ве поддржуваме во Вашите намери и затоа секоја студиска година нудиме стипендии и бенефиции за Вашето студирање.

Следете ги нашите новини и активности на www.bas.edu.mk, на Facebook http://facebook.com/bas.edu.mk, на Instagram @basakademija или побарајте повеќе информации на bas@bas.edu.mk или на 02/2455 – 754 во Скопје и 047/ 22 52 18 во Битола. Бидете дел од професионалните студии по менаџмент, бидете дел од БАС!