Skip Navigation LinksСтудии Останати високообразовни установи Факултет за бизнис економија Скопје

Факултет за бизнис економија Скопје

За нас

 

Приватната високо образовна институција – Висока стручна школа „Факултет за бизнис економија“ – Скопје (Integrated Business Faculty) е основана во 2005-тата година, од страна на АД „Неоком“ и универзитетската фондација „Ново образование за бизнис“. ФБЕ веќе 10 години нуди такви студии, кои создаваат вештини и знаења за носење одлуки и користење на средства во бизнисот, и овозможува директно практично искуство на студентите преку вклучување во широк спектар од тимски проекти засновани на постоечките компании. Покрај студентската пракса, карактеристично обележје на ФБЕ е Интегрираниот бизнис курикулум-IBC, моделиран според курс кој се предава на Државниот Универзитет на Ајдахо-САД и курсот за Бизнис економија (Business Economics) кој се предава на Универзитетот во Портсмут-Велика Британија, а се покажал како успешен во подготовката на дипломците да создадат вредност за фирмата на нивниот работодавец, уште од првиот ден на нивното вработување.

 

Зошто е ФБЕ подобар од другите факултети?

 

Нашата наставна програма за додипломските студии е составена од три студиски години, односно шест семестри. ФБЕ нуди такви студии, кои ќе создаваат вештини и знаења за носење одлуки и користење на средства во бизнисот, и ќе овозможи директно практично искуство на студентите преку вклучување во широк спектар од тимски проекти засновани на постоечките компании. Ваквиот пристап овозможува во текот на студиите да се применуваат и симулациони техники за проценка и анализа, практично применување на стекнатите знаења низ:

 

a) виртуелни студентски компании, разни симулациони техники  и

b) студентска пракса во текот на летниот/зимскиот распуст во разни претпријатија.

 

По завршувањето на тригодишните (додипломски) студии, ФБЕ на студентите им можност за продолжување на образованието на еден од понудените последипломски студии на Институтот за бизнис економија (ИБЕ). ФБЕ и ИБЕ функционираат како посебни ентитети, со постојана меѓусебна координација, колаборација и поддршка, со цел да се понуди највисокиот можен квалитет на образование во Република Македонија, за што впрочем сведочат:

 

-  високата стапка (80%) на вработеност на нашите дипломци,

-  високите оценки за знаењата и одговорноста на нашите студенти, од страна на компаниите каде што ја обавувале работната пракса

 

Користењето на опцијата за интегрирање на додипломскиот и последипломскиот студиум за секој запишан студент на Факултетот за бизнис економија, е крајната цел и основниот императив на нашите напори за подигнување на квалитетот и ефикасноста на високото образование во нашата земја. Ваквиот режим на студии за прв пат се воведува во Република Македонија, и претставува аргумент повеќе кога треба да направите избор на која високообразовна институција да се запишете.