ФОН Универзитет

Историјат

Се родивме 2003 како Факултет за општествени науки ФОН. Денес сме ФОН Универзитет, прв приватен универзитет, репер за современото високо образование во европски рамки. ФОН Универзитетот е комплетна институција која оди во чекор со современите светски едукативни трендови и своето име го гради врз цврстите темели на најквалитетниот стручен кадар од државата и надвор, притоа користејќи ги сите модерни средства и методи за едукација.

Нашата цел е создавање вистински професионалци, секој во својата сфера, подготвени да се соочат со сите предизвици на бизнис секојдневието. Низ овие години на постоење успеавме да го докажеме нашиот квалитет и да ја стекнеме довербата на младата популација, градејќи го истовремено брендот и традицијата што се вика ФОН-Универзитет.

 

Зошто да се студира на ФОН Универзитетот?

Студирањето на ФОН Универзитетот е поинаку базирано од студирањето на другите универзитети. На овој универзитет се поаѓа со идејата дека универзитетското оспособување на младите студенти не се сведува само на книги, читање, пошување и на изработени проекти. Тоа е поврзано и со активно учество на студентите во наставата и во нивните активности за лично интелектуално созревање. Како што тоа бидува тоа во обичниот живот, од вашата ангажираност зависи колку ќе добиете од универзитетските години. На ФОН Универзитетот се нудат голем број алтернативи, упатства и можности да се оспособите за своите идни професии и да бидете успешен човек во животната кариера. Затоа ФОН Универзитетот е вашиот најдобар избор.

 

Како изгледа студирањето на ФОН?

Вашите универзитетски години се време кога инвестирате во Вашата иднина. Вашите академски залагања и активното учество во наставниот процес ќе Ви помогнат во развојот на Вашиот интелект. ФОН универзитетот ќе ви понуди начини и средства со кои ќе се оспособите за Вашата избрана кариера. Студентските активности го шират Вашиот интелектуален и деловен хоризонт. Можностите за интерактивност, дружење, клубовите, забавите и за другите содржини на студентскиот живот, како и студентските публикации на Универзитетот. ќе Ви овозможат натаму да ги развиете своите таленти и евентуално да откритете нови таленти во себе. Вложете ги времето, умот и духот во ФОН Универзитетот и уживајте во одните животни благодети што ќе произлезат од Вашиот несебичен труд и од посветеноста во студентските денови. Ние го следиме и го потпомагаме секој Ваш чекор на тој пат.

 

fon_sema

 

Локација на универзитетот 

Address

Скопје
Tel 
Fax  
+389
+389


Социјална мрежа 

Twitter

twitter thumb updates on Twitter

Facebook

facebook thumb updates on Facebook