Факултет за безбедносно инженерство

bezb

 

Факултетот за безбедносно инженерство е водечка истражувачка установа од овој вид

На Меѓународниот Славјански Универзитет "Г.Р. Державин" – Свети Николе, Битола од учебната 2012/2013 година започна со работа Факултет за безбедносно инженерство со две насоки и тоа:

 

Додипломски:

Последипломски:

  • Безбедност при работа (3+2)
  • Безбедност од пожар (3+2)
  • Безбедност при работа (3+2)
  • Безбедност од пожар (3+2)

 

Безбедност при работа и Безбедност од пожар, со два степени на образование: додипломски и последипломски студии. Факултетот како прв и единствен од ваков вид во Република Македонија ќе овозможи едукација на стручни лица за безбедност и здравје при работа како и безбедност од пожари, со цел поефикасно и поуспешно имплементирање на европското законодавство, во областа на безбедноста и здравјето на работниците при работа.

 

Факултетот за безбедносно инженерство има акредитација согласно Законот за високо образование. Наставниот процес на Факултетот за безбедносно инженерство е усогласен со Болоњската декларација и на истиот е воведен Европскиот кредит трансфер систем (ЕКТС). На студиските програми на прв циклус студии може да се запишат лица кои имаат завршено четиригодишно средно образование. На студиските програми на втор циклус студии може да се запишат лица кои имаат основно академско образование (во траење од најмалку три години и најмалку 180 ЕКТС бодови, или четири години студии со најмалку 240 ЕКТС бодови). Студиите за додипломски студии траат три години, а обемот на студии изнесува 180 ЕКТС бодови, а студиите за последипломски студии траат две години и обемот на студиите изнесува 120 ЕКТС бодови.

 

bezb

 

Основна цел на програмите е оспособување на студентите за примена на научни и стручни достигнувања во областа на инженерството и менаџментот во управување со безбедност при работа и пожари во организациите. Академска титула на додипломските студии е дипломиран инженер за безбедност при работа, како и дипломиран инженер за безбедност од пожари, додека академска титула на последипломските студии е магистер за безбедност при работа, како и магистер за безбедност од пожари.

 

Зошто да студирате безбедносно инженерство?

bezbРепублика Македонија ги следи eвропските текови во областа на безбедноста при работа и пожари. Во денешно време евидентна е потребата од стручни лица за вршење на работи од областа на безбедност и здравје при работа и безбедност од пожари. Факултетот за безбедносно инженерство е водечка истражувачка установа од тој вид.

 

Должност на работодавачите е да го имплементираат Законот за безбедност и здравје при работа, па така тие се должни да вработат инженери за безбедност при работа и безбедност од пожари. Се повеќе работодавачи од домашни и странски претпријатија бараат дипломирани инженери од нашиот факултет, кој е единствен од овој тип во Македонија. Тоа ни дава за право да констатираме дека овој факултет ќе биде факултет на иднината, за што зборува и се поголемиот интерес на студентите за него.

 

Дипломата од Факултетот за безбедносно инженерство овозможува широка можност за вработување во: мали, средни и големи претпријатија (индустрија, градежништво, сообраќај, шумарство, земјоделство, трговија, угостителство, водостопанство и др.) министерства, образовни организации, научно-истражувачки организации, испекциски органи итн.