Факултет за информатика


Факултетот за информатика кој е во состав на МСУ од 2011-та година е втор дом на бројни млади информатичари кои направија избор своите знаења да ги унапредуваат и надоградуваат на Славјански.
Нашиот факултет нуди две насоки на додипломските студии по информатика. Студиите се со времетраење од три години (180 ЕКТС).

•    Додипломски студии (180 ЕКТС)
•    Компјутерски системи и мрежи (3+1+1)
•    Софтверски технологии (3+1+1)

Наставната програма на додипломските студии по информатика во себе вклучува не само теорија, туку и самостојна работа и практична настава.
Во текот на студирањето, на студентите им се задаваат задачи (или помали проекти) од изучениот материјал кои треба да ги изработат самостојно и да ги презентираат на часовите. Токму самостојната работа на овие задачи открива на какви проблеми може да се наиде при креирање на компјутерски програми. Така, студентите заедно со професорот ги разгледуваат опциите зошто една програма функционира, а друга не. На овој начин нашите студенти побрзо го совладуваат предвидениот материјал и покажуваат добри резултати во студирањето.



Практични знаења и вештини

Оваа година дипломира нашата четврта генерација студенти од овој факултет, кои можат да се пофалат со практичните знаења со кои се стекнаа во текот на тригодишниот образовен процес.
Главната цел на Факултетот за информатика е да ги подготви студентите со практични знаења и вештини од областа на компјутерските технологии, со кои тие ќе можат да се вклучат во деловните процеси веднаш по дипломирањето.
Ние градиме факултет кој ќе биде претпознатлив по применетата информатика, а за таа цел имаме ангажирано професори кои се врвни експерти во својата област и имаат практично информатичко искуство, стекнато со реализација на проекти во светски рамки.

Современи услови

Факултетот располага со современи компјутерски лаборатории, каде студентите најголем дел од наставата ја поминуваат во реализација на практични информатички вежби и проекти.
Во следниот период нашата главна цел е, со опремување на специјализирани компјутерски лаборатории, заедно со студентите да учествуваме на меѓународни проекти особено во оние области што опфаќаат примена на информатика во медицина, мобилни технологии, smart building systems (примена на информатиката во заштеда на енергија и квалитетно домување), е-бизнис и сл.

Студии со интернационален карактер

Горди сме што секоја година бројот на запишани студенти значително се зголемува и имаме зголемен број на студенти кои извршуваат трансфер од други факултети во Македонија.
Исто така, нашиот факултет има меѓународен карактер, бидејќи покрај студентите од Македонија, имаме студенти и од Хрватска, Турција, Словенија, а според досегашните најави за упис, тој број дополнително ќе се зголемува.

Информатиката е за иноватори

Живееме во информатичка ера, каде за скоро сите иновации се користат развиени компјутерски системи.
Факултетот за информатика Ви ја нуди единствената можност да бидете во срцето на интелектуалната револуција, бидејќи информатиката ќе направи да изнаоѓате нови начини на размислување и поврзување на работите. Пред сè, ќе ви овозможи да разберете како функционираат компјутерските системи, на кој начин ги складираат информациите, како ги обработуваат податоците и сл.



Практична настава

За да бидете добар информатичар, потребно ви е постојано вежбање, пракса. Како што споменавме претходно, нашиот факултет за информатика го нуди токму тоа! Ќе имате можност да работите во најсовремените компјутерски лаборатории, да пишувате сопствени програми, да навлезете во основата на Веб дизајнот, што ќе ви овозможи да се чувствувате дека креирате нешто функционално и корисно.

Додипломски студии

Нашиот факултет нуди две насоки на додипломските студии по информатика. Студиите се со времетраење од три години.

•    Додипломски (180 ЕКТС)
•    Компјутерски системи и мрежи (3+2)
•    Софтверски технологии (3+2)

Насока Софтверски технологии (3+2)

Брошура

Софтверските технологии се однесуваат на дизајнирање, развивање и користење комплексни информатички системи. Програмирањето, компјутерското и софтверското инженерство се еднакво акцентирани во наставата и преку низа практични вежби и задачи ќе можете да добиете познавања од овие области. Од системите се очекува да функционираат правилно во секое време и да бидат флексибилни. Токму овде настапува Вашата кариера како инженер по информатика!



Предметите ги запознаваат студентите со основните концепти на програмирање и алгоритамски начин на размислување за решавање на проблеми, архитектурата на компјутерските системи и начинот на нивното функционирање, начини на реализирање ГИС проекти, Web дизајн… Студиите се во траење од три години, а обемот на студии изнесува 180 ЕКТС.
Генерално, насоката ги подготвува студентите за кариерата како софтверски инженери или софтверски архитекти во контекст на софтверското инженерство. Притоа, со помош на домашни задачи, студентите ќе имаат можност да ги вежбаат научените работи и да се усовршуваат. Ќе знаат како се креираат компоненти и како се употребуваат во софтверскиот развој.
Во рамките на тригодишните студии се опфатени 24 предмети кои студентите треба да ги положат. Во секој семестар има по 2 задолжителни и 4 изборни предмети.
По дипломирањето ќе се стекнете со стручен назив дипломиран инженер по информатика.

Насока Компјутерски системи и мрежи (3+2)

Брошура

Оваа насока им дава широки знаења на студентите и им помага да разберат како софтверот може да се контролира на еден или повеќе компјутери, земајќи ги во предвид сигурноста, вмрежувањето и оперативните системи. Ова е техничка насока која на студентите ќе им помогне да се стекнат со добри програмерски вештини.



Предметите се концентрираат на практични и применливи содржини како програмирање, компјутерска архитектура, компјутерски мрежи, оперативни системи, софтверско инженерство, како и апликативни програми. Студиите се во траење од три години, а обемот на студии изнесува 180 ЕКТС.
Во програмата ќе се изучуваат основните модели за комуникации, протоколи и нивна основна архитектура, начини за пренос на податоци, преносни медиуми и средства, кодирање на податоци, податочни комуникациски посредници, контрола на податочни врски, технологија, архитектура и системи… Цели на програмата се совладување на теориските основи за функционирање на компјутерските мрежи, како и стекнување со практични вештини за управување со нив.
Во рамките на тригодишните студии се опфатени 24 предмети кои студентите треба да ги положат. Во секој семестар има по 2 задолжителни и 4 изборни предмети.
По дипломирањето ќе се стекнете со стручен назив дипломиран инженер по информатика.

Услови за упис

Право на запишување на прв циклус на студии имаат кандидатите со завршено четиригодишно средно образование во државата или во странство со положена државна, училишна или меѓународна матура.
Право на запишување имаат и студенти од други акредитирани факултети, дипломирани лица и странски државјани (регулирано со закон).
Кандидатите се запишуваат без полагање на приемен испит.

Школарина

Кандидатите може да направат упис како редовни или вонредни студенти со самофинансирање на студиите во износ од 1030 евра (за една учебна година) во денарска противвредност.
Нудиме можности за плаќање на рати, а при плаќање на целокупниот износ на почетокот на академската година, студентите добиваат попуст од 10%. За студирање на двајца студенти од исто семејство одобруваме дополнителен попуст од 20% за секој член, за тројца или повеќе студенти од исто семејство по 25% за секој член, како и 20% за бранители.

Последипломски студии

Со воведувањето на нови студиски програми и организација на втор циклус последиплосмки стручни студии, главната цел на нашиот Факултет за информатика е да го подигне степенот на квалитетот на високото образование во областа на информатичките науки преку воспоставување на стандардите усвоени на светски признатите факултети за информатика.

Студиските програми се наменети за студентите кои имаат намера да го продолжат своето информатичко образование и да се занимаваат со специјализирана информатичка струка.
Факултетот за информатика нуди две насоки на последипломските студии. Од последипломските студии нудиме специјалистички (четврта година – до 240 ЕКТС) и магистерски (петта година – до 300 ЕКТС).

•    Втор циклус на студии
•    Специјалистички (четврта година – до 240 ЕКТС кредити)
•    Софтверски технологии (3+1+1)
•    Компјутерски системи и мрежи (3+1+1)
•    Магистерски (петта година – до 300 ЕКТС кредити)
•    Софтверски технологии (3+1+1)
•    Компјутерски системи и мрежи (3+1+1)

Насока Софтверски технологии (3+1+1)

Брошура

Поаѓајќи од основните постулати на современата информатичка наука и трендот за имплементирање на софтверски решенија во сите сфери на човековото живеење во светот, Факутетот за информатика при МСУ воведе специјализирана студиска програма од оваа комплексна и динамична област, која на студентот ќе му понуди можност да се стекне со проширено стручно знаење и вештини, како и истото тоа да го примени во пракса.
Софтверски технологии е студиска програма која на студентот му нуди можност да го прошири своето знаење во повеќе софтверски дисциплини од областа на компјутерските науки. Се очекува студентот во рамки на овој циклус на студии да се профилира во стручен кадар кој поседува проширено знаење и вештини не само за теоретска, туку и за практична примена на софтверските технологии, со што ќе даде свој придонес кон развојот на применетата информатика во Република Македонија.



Специјалистичките студии се со времетраење од една година (+60 ЕКТС кредити). Упис на специјалистичките студии можат да направат студенти кои при претходните студии се стекнале со најмалку 180 ЕКТС кредити. По завршувањето на студиите студентите се стекнуваат со 240 ЕКТС кредити и можат да направат упис во петта година (магистерски студии).

Магистерските студии се со времетраење од една година (+60 ЕКТС кредити). Упис на магистерските студии можат да направат студенти кои при студирањето се стекнале со најмалку 240 ЕКТС кредити. По завршувањето на студиите студентите се стекнуваат со 300 ЕКТС кредити и стручен назив магистер по информатика – софтверски технологии (Master of computer science – Legum Magister LL.M).


Насока Компјутерски системи и мрежи (3+1+1)

Брошура

Современите трендови на пазарот на трудот наметнуваат потреба од кадар со потесна област на специјализација и владеење на конкретна проблематика. Реформата на јавниот сектор наметнува потреба од ангажирање стручни и професионални кадри, специјалисти и добри познавачи од областа на информатички науки, особено имплементирање на современи компјутерски системи и мрежи.
Насоката Компјутерски системи и мрежи им овозможува на идните студенти да се запознаат со основните концепти заеднички за сите модерни оперативни системи, да ги совладаат основните криптографски принципи и методи, да ги изучат основните крипто-дизајни и практично да ги користат изучените крипто системи. Помеѓу другото, студентите ќе стекнат знаења и вештини за користење на ГИС технологија, проектирање компјутерски системи базирани на мобилни технологии, а ќе ги научат и последните технолошки напредоци и светските трендови од доменот на Е-бизнисот.



Специјалистичките студии се со времетраење од една година (+60 ЕКТС кредити). Упис на специјалистичките студии можат да направат студенти кои при претходните студии се стекнале со најмалку 180 ЕКТС кредити. По завршувањето на студиите студентите се стекнуваат со 240 ЕКТС кредити и можат да направат упис во петта година (магистерски студии).

Магистерските студии се со времетраење од една година (+60 ЕКТС кредити). Упис на магистерските студии можат да направат студенти кои при студирањето се стекнале со најмалку 240 ЕКТС кредити. По завршувањето на студиите студентите се стекнуваат со 300 ЕКТС кредити и стручен назив магистер по информатика – компјутерски системи и мрежи (Master of computer science – Legum Magister LL.M).

Услови за упис

Право на запишување на втор циклус на студии имаат кандидатите со завршен прв циклус на студии со стекнати 240 ЕКТС (завршени четиригодишни студии) или 180 ЕКТС (завршени тригодишни студии). Дали кандидатот ќе се запише во четврта или петта година зависи од бројот на дотогаш стекнатите кредити.
Право на запишување имаат и дипломирани студенти од други акредитирани факултети и странски државјани (регулирано со закон).
Кандидатите се запишуваат без полагање на приемен испит.

Школарина

Кандидатите може да направат упис како редовни или вонредни студенти со самофинансирање на студиите во износ од 1530 евра (за една учебна година) во денарска противвредност.
Нудиме можности за плаќање на рати, а при плаќање на целокупниот износ на почетокот на академската година, студентите добиваат попуст од 10%. За студирање на двајца студенти од исто семејство одобруваме дополнителен попуст од 20% за секој член, за тројца или повеќе студенти од исто семејство по 25% за секој член, за студенти на МСУ кои од прв продолжуваат на втор циклус на студии 10%, како и 20% за бранители.