Факултет за правни науки

pravo

 

Од учебната 2014/2015 година официјално ќе започне со работа Факултетот за правни науки при Меѓународниот Славјански Универзитет. Ова е прв факултет за правни науки во државата со акредитирани програми согласно најновите измени на Законот за високо образование. Тој претставува факултет во кој работат квалитетни кадри и претпознатлива наставна програма надополнета со квалитетна клиничка настава, односно практично надополнување на теоретското знаење. Овде наставниот и соработничкиот кадар, составен од млади ентузијасти и возрасни и искусни стручни работници, им стои на располагање на студентите во секое време.

 

Идните студенти во Факултетот за правни науки треба да препознаат квалитетна правна надградба изведена во современи услови и реализирана по најновите наставни програми. Студиите што ги нудиме на правниот факултет се тригодишни, а во четвртата година се избира

 

Додипломски:

Изборни модули:

  • Правни студии (3+1)
  • Административно право и јавна администрација (3+1)
  • Граѓанско право (3+1)
  • Казнено право (3+1)
  • Меѓународно право, право на ЕУ и дипломатија (3+1)
  • Финансии и деловно право (3+1)

 

Одлуката да се запишете на Факултетот за правни науки ќе допринесе да ги развиете и унапредите вашите комуникациски вештини, како и способности за решавање на комплексни проблеми. Факултетот за правни науки пружа широк спектар опции за надоградба на вашата кариера, со тоа што ќе се стекнете со основните знаења за тоа како функционира општеството во кое живееме. По завршувањето на овој факултет вие ќе имате критичко и аналитичко размислување за проблемите кои настануваат во општеството и нивното решавање.

 

Зошто да студирате право?

pravo Правото како професија е се повеќе дефицитарно од аспект на квалитетен кадар кој што ќе може да одговори на брзото развивање на модерниот свет. Во вакво општество, кога сите се стремиме кон Европа, и во кое сме сведоци на котинуирана и комплетна промена на законските регулативи, Факултетот за правни науки е најдобрата институција која ќе ги подготви студентите да можат да се справат и квалитетно да ги следат измените на законите, да дебатираат за нив и да бидат подготвени еден ден и да ги изработуваат истите. Ова на нашите студенти им овозможува полесно вработување и придонес кон квалитетна примена на законите во институциите каде што ќе работат. По завршувањето на Факултетот за правни науки, откако ќе се стекнат со квалитетни вештини и познавања од областа на правото, нашите студенти ќе можат да работат на сите работни места кои ги нуди оваа професија: адвокати, судии, обвинители, директори, правници во фирми како и во државна и локална администрација и др.