• Галерии
  • Категории
  • Вработување
  • Студии
  • Студенти
  • Контакт
  • Уметност
  • Живот
  • Наука
  • Забава
  • Култура
fakulteti.mk
  • Галерии
  • Категории
  • Вработување
  • Студии
  • Студенти
  • Контакт

Измешаната љубов кон детските класици

Tweet

„Мојот моментален проект наречен „Prior Pleasures“, е поттикнат од мојата љубов кон литературата“, вели фотографот Елен Кантор, која очигледно е обожавателка на книгите. Таа пронајде одличен начин за уметнички да изрази дека книгите се извор на нејзините омилени спомени. Мешајќи ги класичните детски книги како „Алиса во земјата на чудата“, „Хајди“, „Мали жени“ и други, таа создава прекрасна серија фотографии кои покажуваат колку читањето може да биде магично. „Серијата фотографии ја истражува меморијата и зачувувањето на минатото, и обезбедува создавање на визуелно наследство за следната фотографија. Книгите фотографирани во оваа серија се оние кои отсекогаш биле со мене уште од детството, па се` до денес. Мојата мајка ми ги читаше мене, а јас им ги читам на моите деца, носејќи ја традицијата на пишаниот збор“, додава таа. Прекрасен начин на идните генерации да им се покаже вистинската вредност на читањето.

петок, 11 септември 2015 - 19:30
        
loader Се вчитува...

©2011-2025 Fakulteti.mk