Компанијата Cylindo минатиот петок (21 август) организираше несекојдневна забава, Night Off @ the Office, на која над стотина присутни имаа можност да уживаат во одлична атмосфера. За Cylindo ова претставува посебна вечер за дружење и меѓусебно запознавање на голем број луѓе кои се дел од IT сферата, меѓутоа, пред се, целта на овој настан беше да се охрабрат младите да ги воочат можностите кои стојат пред нив: „Овие можности навистина постојат и сите ние кои сме дел од Cylindo сме свесни за нив.