• Галерии
  • Категории
  • Вработување
  • Студии
  • Студенти
  • Контакт
  • Уметност
  • Живот
  • Наука
  • Забава
  • Култура
fakulteti.mk
  • Галерии
  • Категории
  • Вработување
  • Студии
  • Студенти
  • Контакт

Татко кој му пркоси на родителството

Tweet

Ако совршените фотографии на вашите пријатели на социјалните мрежи ве прават да се чувствувате лошо, причината позади тоа е што тие не ја покажуваат реалноста. Затоа Сајмон Хупер, татко на 4 девојчиња одлучи да покаже како навистина изгледа родителството. Резултатот? Сега Сајмон се здоби со неверојатна популарност и илјадници фанови кои постојано го следат на социјалните мрежи. „Мојот профил има за цел да ја покаже реалистичната страна за тоа како изгледа родителството од моја родителска перспектива. Луѓето премногу кријат и не ги прикажуваат реално нештата кога станува збор за родителството, така што сакав да споделам како е навистина да се биде родител на 4 девојчиња, и да донесам малку хумор во интернет светот“, вели тој. Неговата најстара ќерка има 9 години, средната 6, а пред 10 месеци им се родија и близначки. Сега Сајмон е „водоинсталер, такси возач, инструктор по пливање, ментор, готвач, советник, банка, личен асистент и многу други улоги“.

вторник, 22 ноември 2016 - 00:52
        
loader Се вчитува...

©2011-2025 Fakulteti.mk