Вработување

Вработување во Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации

Вработување во Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации

03.01.2019
Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации објавува;

ЈАВЕН ОГЛАС

за вработување 2 (две) лица на определено време до 31.12.2019 година

1. Самостоен референт за безбедносна акредитација 1 извршител
2. Помлад референт технички секреЈ ар на директорот - 1 извршител


Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:
- да се државјани на Република Македонија,
-со правосилна судска пресуда да не им е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност

Кандидатите покрај општите услови предвидени со Закон, потребно е за работно место од точка 1 да имаат завршено најмалку вишо или средно образование IV степен според македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО (гимназиско или средно стручно образование, техничка, економска или правна струка) и работно искуство од најмалку 3 (три) години во струката;

за работно место од точка 2 да имаат завршено најмалку вишо или средно образование IV степен според македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО гимназиско или средно стручно образование, економска или правна струка), без работно искуство во струката.

Право на учество имаат сите граѓани на Република Македонија кои ги исполнуваат условите за конкурирање. Кандидатите со пријавата треба да ги достават доказите за исполнување на условите, во оригинална форма или копија заверена на нотар, и тоа:
- доказ за државјанство
- доказ дека не им е изречена забрана на вршење професија, дејност или должност
- уверение/диплома за завршен степен на образование
- доказ за работио искуство
- кратка биографија со задолжително наведен контакттелефон и адреса
- писмо за мотивација

Распоред на работно време: работни часови во неделата; 40, работно време од понеделник до петок од 08. 30 до 16. 30 часот или од 07. 30 до 15. 30 часот.
Паричниот износ на основната нетоплата изнесува 15. 897 денари за работното место до точка 1.
Паричниот износ на основната нетоплата изнесува 13. 068 денари за работното место до точка 2.
Со избраните кандидати ќе се склучи договор за вработување на определено време.
Вработувањето на двете лица трае до 31. 12. 2019 година.
Рокот за доставување на пријавите со погребните документи изнесува 3 (три) работни дена (не сметајќи го денот на објавувањето).
Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.
Пријавите со потребната документација треба да се достават во затворен плик во Архивата на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации или по пошта на следната адреса; Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации ул. „Васко Карангелески" бр. 8, Скопје, со назнака: „Оглас за вработување на определено време" како и да се наведе работното место за кое се аплицира.
Ненавремените и некомплетните пријави нема да се разгледуваат.
Краен рок за пријавување е 09. 01. 2019 година.
ДИРЕКЦИЈА ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА КЛАСИФИЦИРАНИ ИНФОРМАЦИИ

Останати Вработување