Препорачани огласи

Отворени работни позиции во ЗЕГИН. Пријавете се!

Отворени работни позиции во ЗЕГИН. Пријавете се!

03.08.2018
ЗЕГИН ГРУПАЦИЈА е првата приватна компанија во Република Македонија регистрирана за продажба на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна мрежа, секогаш сме во потрага по талентирани професионалци кои сакаат да станат дел од нашето професионално семејство.

Нашата мисија е да се понуди широк спектар на производи од разни области во медицината преку лекови, додатоци на исхрана, производи за бебиња, па се до козметички препарати по најприфатливи, достапнии ниски цени.

Нашата цел е да им се понуди на пациентите стручна помош и постојана достапност преку совети за нивното здравје. Ние сакаме да бидеме Ваши пријатели!

Поради проширување на својот тим, имаме потреба од:

Дипломиран фармацевт / Фармацевтски техничар

Потребни квалификации:
• ВСС - Фармацевт
• ССС – Фармацевтски техничар
• Претходно работно искуство во аптека ќе се смета како предност
• Работа со компјутери и одлично познавање на MS Office

Посакувани карактеристики:
• Способност за брзо учење,
• Развиени комуникациски вештини,
• Стручност и елоквентост,
• Диманичност и креативност,
• Организираност, самоиницијативност.

Што нудиме:
• Високи месечни примања + бонуси во согласност со постигнатите резултати.
• Можност за професионален развој и надоградба,

Доколку сте енергични, храбри и полни со ентузијазам за личен развој и напредување, како и професионални компетенции за успешно да работите во областите наведени погоре, Ве молиме испратете пропратно писмо и биографија на македонски јазик со ознака Дипломиран фармацевт или Фармацевтски техничар на kariera@zegin.com.mk. Само кандидатите кои во целост ги исполнуваат критериумите ќе бидат контактирани.

Останати Препорачани огласи