Препорачани огласи

Оглас за вработување во Македонски Бизнис Системи (МБС)

Оглас за вработување во Македонски Бизнис Системи (МБС)

04.05.2018

Референт за продажба


Македонски Бизнис Системи (МБС) е софтверска компанија која повеќе од 25 години работи на пазарот за развој и имплементација на бизнис софтверски бизнис решенија. МБС има потреба од проширување на својот тим со лице во одделот за продажба. Вработениот ќе има можност да соработува со голем број институции и компании кои долги години се дел од нашата клиентска листа.

Работна позиција: Референт за продажба

Работни задачи и одговорности:
• Продажба на софтверски бизнис решенија
• Креирање нови продажни можности преку идентификација на потенцијални корисници
• Поддршка на веќе постоечки клиенти
• Презентации пред големи групи на слушатели

Квалификации:
• Завршено високо образование
• Претходно работно искуство од минимум 2 години во продажни активности (предност работа во ИТ продажба)
• Поседување комуникациски и презентациски вештини, способност за работа во тим
• Возачка дозвола (Б категорија)
• Задолжително познавање на англиски јазик

Сите заинтересирани кандидати да го испратат своето CV на следната меил адреса : career@mbs.com.mk

Задолжително наведете ја работната позиција за која се пријавувате.

Ќе бидат контактирани кандидатите кои ќе влезат во потесен круг.

Останати Препорачани огласи