Образование

Bootcamps во SMX Academy: 2-3 месеци интензивно учење и 1 месец работа на реален проект

Bootcamps во SMX Academy: 2-3 месеци интензивно учење и 1 месец работа на реален проект

активен до31.12.2099
06.10.2023
SMX Academy, водечки едукативен центар за онлајн образование, започнува со серија сеопфатни тримесечни Bootcamps со цел да ги подготви идните студенти кои ќе бидат дел од SMX со практични вештини и искуство од реалниот свет. Овие нови едукативни програми се состојат од два месеца интензивно учење проследено со еден месец практична работа на проекти.

Специјално креирана програма

Квалитетот на образовната програма не е секогаш зависен од нејзиното времетраење. Петгодишното искуство на SMX Academy во доставување кратки онлајн курсеви и онлајн академии покажаа дека факторите како што се прецизна организација, искусни и посветени ментори и можноста за учениците да работат на вистински проекти се клучни за УСПЕШНО ЗАВРШЕНО ОБРАЗОВАНИЕ.

Реални проекти за вистинско учење

Една карактеристика која го издвојува овој тип на едукација од другите е акцентот на работа на реални проекти. SMX Academy верува дека вистинското учење се случува кога знаењето се применува во реални проекти. Затоа, во секој Bootcamp е вклучен модул од 1 месец практична работа кој SMX Academy го овозможи во соработка за неколку компании. На овој начин студентите ќе го применат стекнатото знаење и вештини во пракса.

Соработка со реални компании

Во сите наши Bootcamps студентите имаат можност да работат на реални проекти за реални компании со кои SMX Academy започна соработка.

Content Marketing Bootcamp

SMX Academy започна соработка со SmartClick, успешна агенција за веб и SEO оптимизација. По завршувањето на активната фаза на предавање, студентите ќе се впуштат во едномесечен практичен проект доделен од SmartClick. Успешното завршување на овој проект е предуслов за добивање сертификат за завршен Bootcamp.

Bootcamp за видеомонтажа со Premiere Pro & After Effects


Во областа на уредување видео со Premiere Pro и After Effects, SMX Academy ги здружи силите со Piksel, реномирана маркетинг-агенција во Македонија. Piksel ќе соработува со инструкторите и SMX Academy за да поставува неделни задачи за студентите. По два и пол месеци интензивна теоретска настава, учесниците ќе започнат со едномесечен практичен проект доделен од Piksel, кој исто така ќе биде предуслов за добивање сертификат.

Data Mining Bootcamp

Со цел Bootcamp-от за Data Mining да биде целосен, студентите ќе работат заедно со тимот на SMX на реален проект - Data Mining на податоци за поставени огласи за работа. Целта на овој проект ќе биде да се добијат релевантни и реални податоци за состојбата на пазарот на труд.

Human Resources & IT Recruitment Bootcamp

По завршување на 2 месеци теорија и совладување на најважните и најпрактикувани концепти во HR и IT Recruitment, на сите учесници ќе им се достават предлог-теми кои треба да ги сработат за фирмата партнер Ludotech. Дел од проектите вклучуваат креирање graduate program или intership program за Ludotech, како и други теми кои ќе бидат достапни за сработување.

SMX Academy има цел да обезбеди квалитетна едукација за секого, а новите едукативни програми (Bootcamps) кои ќе траат до 3 месеци се по пристапни цени, обезбедуваат комплетна теоретска настава и работата на реален проект се токму начин да ја оствариме нашата ЦЕЛ. Тримесечните Bootcamps во SMX Academy нудат ново уникатно и трансформативно учење, а темите на кои досега разработивме ваков тип едукација се:

Human Resources & IT Recruitment Bootcamp
Content Marketing Bootcamp
Bootcamp за видеомонтажа со Premiere Pro & After Effects
Data Mining Bootcamp
Social Media Marketing Bootcamp

За повеќе информации и детали за аплицирање на некоја од програмите, посетете ја https://smx.mk/bootcamps/

За SMX Academy:

SMX Academy, која прослави пет години постоење како онлајн едукативен центар, е водечка онлајн образовна платформа која им овозможува на поединците со практични вештини и знаења да напредуваат во нивните избрани кариерни области. Достигнувањата на SMX Academy во последните 5 години бележат бројки од над 3.300 учесници, над 300 термини, сето тоа организирано и спроведено од тим од 30 организатори и инструктори. Со фокус на практичното учење и искуството од реалниот свет, SMX Academy нуди широк спектар на курсеви, академии и Bootcamps.

(Комерцијална објава)

Останати Образование