Вработување

Вработување во Центарот за стручно образование и обука - Скопје

Вработување во Центарот за стручно образование и обука - Скопје

07.08.2018
Врз основа на член 37 од Законот за стручно образование и обука (Службен весник на Р. Македонија бр. 71/06, 117/08, 148/09, 17/11, 24/13, 137/13, 41/14, 145/15 и 55/16) и член 18 од Правилникот за видовите на авторските трудови и другите интелектуални услуги и критериумите, начинот на изборот, висината на авторските надоместоци и бројот на членови во стручните тимови на Центарот за стручно образование и обука бр. 01401/10, Центарот за стручно образование и обука Скопје распишува:

КОНКУРС
за избор на надворешни соработници за стручна работа на Центарот за стручно образование и обука - Скопје


1. Центарот за стручно образование и обука Скопје, распишува конкурс за избор на надворешни соработници (обучувачи) за спроведување на активности за професионален развој на воспитно образовниот кадар во средните стручни училишта и тоа:
По два надворешни соработници (обучувачи) за градежно геодетска струка, угостителско туристичка струка и електротехничка струка;
По еден надворешен соработник (обучувач) за текстилно кожарска струка, здравствена струка, сообраќајна струка, хемиско технолошка струка, геолошко рударска и металуршка струка, земјоделско ветеринарна струка, машинска струка, економско правна и трговска струка, шумарско дрвопреработувачка струка, графичка струка и струката лични услуги.
Четворица надворешни соработници (обучувачи) за сите струки на албански јазик.

2. Право да конкурираат имаат:
наставници од средните училишта кои имаат најмалку три години работно искуство во стручното образование за соодветната струка и поседуваат Сертификат за учество на обука за обучувачи реализирана од Проектот за развивање на вештини и поддршка на иновации Модернизација на техничкото образование.
Со кандидатот кој ги исполнува условите и биде избран за надворешен соработник, ќе биде склучен договор.
Кандидатот треба да достави пријава во која точно ќе биде наведена позицијата за кој се пријавува, документација за исполнување на условите кои се наведени во овој конкурс (потврда за работен однос и сертификат) и кратка биографија.
Пријавите кои ќе бидат некомплетни и ненавремени, нема да се разгледуваат.
Конкурсот трае 5 дена не сметајќи го денот на објавувањето.
Пријавите со потребната документација се доставуваат во архивата на Центарот за стручно образование и обука Скопје, или по пошта на адреса: бул. „Гоце Делчев" бр. 18. Скопје, п. фах 290. Центар за стручно образование и обука - Скопје

Останати Вработување