Економско правен консалтинг ФВ има потреба од еден стручен консултант.
Покрај општите услови за вработување предвидени во Законот за работни односи, потребно е кандидатите да ги исполнуваат следните услови:
Завршено високо образование (Економски факултет)
Уверение за овластен сметководител
Одлично познавање на работа со компјутер (Microsoft office и internet)
Познавање на англиски јазик
Работно искуство најмалку 5 години во областа на сметководството и даноците
Афинитет за пишување и предавање
Работни обврски: пишување написи од областа на сметководството и даноците, консултантски совети телефонски и електронски, предавање и одговарање на прашања на посетителите на обуките и советувањата организирани од наша страна
Потребни документи:
Кратка биографија (CV) со фотографија
За заинтерсираните:
Економско правен консалтинг ФВ функционира веќе 31 години и е меѓу водечките од областа на економскиот и правниот консалтинг во РСМ. Издаваме редовни стручни изданија на кои клиентите годишно се претплаќаат, а воедно издаваме и стручни книги од областа на економијата и правото. Задоволството на клиентите е изразено преку нивниот растечки број од година в година, што бара отворање на нови работни места во нашиот стручен тим.
Документите да се достават на
info@fvkonsalting.com.mk со назнака
„CV за стручен консултант“
Одбраните кандидати ќе бидат повикани на интервју