Живот

Луѓето што не носат маска се како возачи што пијат додека возат

Луѓето што не носат маска се како возачи што пијат додека возат

активен до31.12.2099
09.07.2020
Луѓето што одбиваат да носат маски во текот на пандемијата треба да бидат стигматизирани исто како и возачите што пијат додека возат, вели главниот човек на престижното списание за наука „Ројал сосајети“.

Коментарите од Венки Рамакришнан доаѓаат откако две истражувања покажале дека носењето маски може да помогне значително да се намали ширењето на вируси како Ковид-19.

- Порано беше нормално човек да испие неколку пијалаци и потоа да седне зад воланот, а беше нормално и да вози без безбедносен појас. Денес, и едното и другото се сметаат за асоцијални. Истото треба да важи и за неносењето маски на јавни места - пишува Рамакришнан.


Тој истакнува дека маските се навистина ефективни ако ги носат повеќето луѓе.

- Ако сите ние носиме маска, се штитиме едни со други со тоа што го намалуваме преносот - вели тој.

Пандемијата на Ковид-19 се шири со различна брзина низ целиот свет. Многубројни интервенции во јавното здравство во земјите се чини дека ја намалија кривата на локализирани нови инфекции, вклучувајќи ги карантинот и социјалното дистанцирање.

Процените се разликуваат, но се смета дека од 40 до 60 отсто од преносите се случуваат кога преносителите не знаат дека се болни, но сепак можат да ги заразат другите.

mask
Фото: Unsplash

Истражување спроведено од тимови од Универзитетот во Пенсилванија и Кембриџ анализирало бремени жени примени за породување во Њујорк, кои биле тестирани за Ковид-19. Истражувањето открило дека 13,7 отсто од жените го носат вирусот, од кои 88 отсто немаат никакви симптоми.

Маските за лице направени од ткаенина го намалуваат ширењето на оралните честички помеѓу 50 и 100 отсто, во зависност од голем број фактори.

Кај претсимптоматските индивидуи истражувањата покажуваат дека вирусните капки се испуштаат не само со кивање и кашлање, туку и со зборување и дишење, што значи заштитата на лицето значително ќе го намали ризикот од нови инфекции.

Друго истражување објавено во „Ројал сосајети“ ги опишува огромните разлики во стапките на носење маски меѓу богатите нации.

Кон крајот на април, кога Ковид-19 беснееше низ цела Европа, носењето маски во Велика Британија беше околу 25 отсто. За споредба, носењето маски во Италија беше 83,4 отсто, 65,8 отсто во САД и 63,8 отсто во Шпанија.

Авторите велат дека иако ниту една од земјите што биле истражувани немала култура на носење маски, оние со воспоставено и јасно јавно насочување имале далеку поголем процент на носење.

- Не се виновни граѓаните што не носат маски во Велика Британија. Неопходни се конзистентни политики и ефективна јавна порака. Луѓето во земји како Италија, САД и Шпанија за брзо време го усвоија носењето маски главно затоа што властите им дадоа јасни упатства за да сфатат зошто треба да ги носат - вели Мелинда Милс, директорка на Центарот за демографска наука на Универзитетот во Оксфорд и главен автор на истражувањето.

Извор: Medicalxpress.com

Останати Живот