Вработување

Вработување во МЕПСО...Нето плата до 52.200 денари

Вработување во МЕПСО...Нето плата до 52.200 денари

09.10.2018
Врз основа на член 22 и 23 од Законот за работни односи (пречистен текст Објавен во службен весник на РМ број 167/2015 и измена и дополнување на ЗРО број 27/2016 и 120/2018), член 5, 6, 7 и 8 од Колективниот Договор на Операторот на електропреносниот систем на Македонија, Акционерско Друштво за пренос на електрична енергија и управувањесо електроенергетскиотсистем во државна сопственост Скопје или скратено АД МЕПСО, Скопје, (арх. бр. 026432 од 31. 10. 2013 година), и Одлуката број 026727 од 05. 10. 2018 година за потреба од засновање на работен однос, Операторот на електропреносниот систем на Македонија, Акционерско Друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем во државна сопственост Скопје
или скратено АД МЕПСО, Скопје, објавува

ЈАВЕН ОГЛАС

За потреба од засновање на работен однос со 3 (три) работника за извршување на работи на неопределено време, во Операторот на електропреносниот систем на Македонија, Акционерско Друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем во државна сопственост Скопје или скратено АД МЕПСО, Скопје.

Кандидатите, покрај општите услови утврдени со закон, треба да ги исполнуваат посебните услови за пополнување на следните работни места:

1(еден) извршител на работното место КООРДИНАТОР во Кабинет на Заменик Генерален Директор со висока стручна подготовка ВСС - VII/1 степен или по национална рамка за ВОК/ЕКТС VIA/ VII 240300 ЕКТС ,со 4 години работно искуство, за кое работно место нето платата изнесува 52. 200, 00 денари.

1 (еден) извршител на работното место технички секретар во Кабинет на Заменик генерален директор со средна стручна подготовка ССС - IV степен со работно искуство од 1 година за кое работно место нето платата изнесува 28. 362, 00 денари.

1 (еден) извршител на работното место возач во Кабинет на Заменик генерален директор со средна стручна подготовка - ССС IV степен возачка дозвола Б категорија со работно искуство од 1 година за кое работно место нето платата изнесува 28. 362, 00 денари.

Со пријавата во која се наведедува за кое работно место се аплицира кандидатите да ги достават потребните документи ,во зависност од наведените
услови за конкретното работно место за кое аплицираат:

Кратка биографија (CV и писмо за мотивација на македонски јазик
-Доказ за завршено образование (во оригинал или копија заверена кај нотар)
Уверение за државјанство (копија)
Доказ за работно искуство, со наведување на работното искуство и времетраењето на тоа искуство, издаден од компанија /институција/орган, со која се докажува дека лицето (кандидатот) со конкретен степен на стручна подготовка има стекнато работно искуство, вештини и слично во оргинал или копија заверена кај нотар) или Листа од ПИОМ
Контакт телефон

Огласот трае 3 (три) работни дена од денот на објавувањето не сметајќи го денот на објавувањето).
Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/1 20 дена по истекот на рокот за пријавувањето возависност од бројот на пријавените кандидати.
Работниот однос се заснова на неопределено време.
Работната недела трае 5 работни дена (од понеделник до петок), полното работно време изнесува 40 часа неделно со 8 работни часа дневно почетокот и завршетокот на дневното работно време е од 7, 45 часот до 08, 15 a заминување од работа од 15,45 часот до 16, 15 часот, со право на пауза во текот на дневната работа во траење од 30 минути во периодот од 1 0, 00 часот до 1 2, 00 часот.

Ненавремено доставените, како и некомплетните пријави, нема да се земат во предвид при разгледувањето.
Рокот за доставување на пријавите и документите на заинтересираните кандидати изнесува 3 (три) работни дена ,сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот (не сметајќи го денот на објавувањето).
Сите апликации ќе бидат обработени со максимална доверливост.
За извршениот избор пријавените кандидатите ќе бидат известени во рок од 5 (пет) работни дена од денот на склучувањето на договорот за вработување со избраниот кандидат.
Операторот на електропреносниот систем на Македонија, Акционерско Друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем во државна сопственост Скопје или скратено АД МЕПСО, Скопје нуди еднакви можности за вработување без оглед на пол, paca, возраст, политичко мислење, брачен статус, религија, етничка или национална припадност.
Потребните документи даседостават на адресата на АД МЕПСО Скопје, ул. Максим Горки" бр. 4 Скопје.
Генерален директор,
Сашо Василевски

Останати Вработување