Препорачани огласи

Оглас за вработување во Македонски Телеком

Оглас за вработување во Македонски Телеком

10.05.2018
Оглас за ангажирање во Македонски Телеком АД Скопје

Служба за сајбер безбедност и заштита на податоци / Сектор за ИТ / Област на Главниот директор за техника и ИТ

Работно место: Соработник за телекомуникациска безбедност

Краток опис на потребни услови, работни задачи и способности/ вештини за работното место

Услови:
- Високо или Вишо образование , Технички факултет - Електротехника, Информациски технологии, Информатички науки и компјутерско инженерство, Природно математички факултет - Институт за Информатика или друг технички факултет
- Познавање на безбедносни и мрежни технологии
- Искуство со мрежни системи, firewall, ACL, NAT, VPN, proxy ќе се смета за предност
- Искуство со администрација на оперативни системи и бази на податоци ќе се смета за предност
- Искуство со безбедносни евалуации на апликации ќе се смета за предност
- Активно познавање на англиски јазик

Работни задачи:
- Да учествува во управувањето со соодветна безбедносна инфраструктура која ќе овозможи сигурно и непрекинато функционирање на сите ИТ и НТ системи и сервиси, превенција на упади и неовластен пристап и користење на системи/ информации
- Да учествува во управувањето со соодветна безбедносна инфраструктура и процеси која ќе овозможи имплементација на политиките за безбедност на DT, MT и компанијата, како и усогласеност со локалната законска регулатива
- Да го контролира оперирањето, одржувањето, надградбата, и конфигурацијата на безбедносната опрема и имплементацијата на барањата согласно со корпоративните безбедносни политики
- Учествува во имплементација на сигурност базирана на проценка на ризикот, преку редовно изведување проценки на ризик во ИТ апликациите и проектите

Способности и вештини:
Одлични организациски и комуникациски способности, контрола на процеси, аналитички способности и способност за решавање на проблеми, самодоверба, одлични вештини за пишување на извештаи, способност за работа под притисок, способност за работа со кратки крајни рокови, тимска работа

Вашата биографија може да ја оставите електронски на апликацијата на следниот линк http://www.telekom.mk/tekovni-oglasi.nspx или истата да ја испратите на следнава адреса: Македонски Телеком АД Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр.6 со назнака оглас за ангажирање за - Соработник за телекомуникациска безбедност.

Огласот ќе биде објавен на ден 10.05.2018 година и ќе трае до 18.05.2018 година

Лице за контакт Соња Каргова телефонски број 3 242-602

Работно време во компанијата е од 08:00 до 16:00,

Минимумот на предвидената вкупна нето плата со вклучена компаниска стимулација за ова работно место е во висина од 25.672,00 денари

Висината на платата ќе биде определена согласно работното искуство, компетенциите и покажаните вештини со кој располага кандидатот

Доколку на јавниот оглас се пријавиле до 200 кандидати за едно работно место, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 90 дена и над 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 120 дена, по истекот на рокот на пријавувањето.

Македонски Телеком АД Скопје го задржува правото да не го пополни огласеното работно место.

Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени в предвид.

Останати Препорачани огласи