Здравото човечко тело понекогаш буди повеќе од искрена восхит. За нас во АЛКАЛОИД, постојана инспирација и стремеж е да го заштитиме и да го зачуваме овој скапоцен подарок на природата. Осум децении со неуморна страст создаваме производи кои се синоним за врвен квалитет. Постојано инвестираме во нашиот сон за поздрав живот на секој поединец затоа што веруваме дека
ЗДРАВЈЕТО Е ПРЕД СÈ...
Доколку имате желба да бидете дел од успешен тим, да ги остварите своите амбиции и визија за својот личен успех, доколку сте посветени, лојални, креативни, насочени кон постигнување резултати и доколку размислувате долгорочно, а сè со цел заеднички да придонесеме за растот и за развојот на една од најуспешните компании во регионот, внимателно проследете ја следната информација:
АЛКАЛОИД АД СКОПЈЕ
има потреба од редовно годишно надополнување на базата на потенцијални кандидати од следните образовни профили:
ВСС-образование:
- магистри по фармација / дипломирани фармацевти
- дипломирани лабораториски биоинженери
- дипломирани хемиски инженери
- дипломирани инженери технолози
- доктори по општа медицина
- доктори по стоматологија.
Кандидатите би можеле да бидат повикани за потребите на следниве оддели:
- Истражување и развој – Фармација
- Контрола на квалитет – Фармација
- Контрола на квалитет – Билка
- Регулаторни работи
- Фармаковигиланца
- Обезбедување квалитет
- Медицински маркетинг
- Бизнис развој
- Продажби - Фармација
- Производство - Фармација
- и други оддели, по потреба.
Доколку сакате да влезете во листата на потенцијални кандидати за работни позиции што би се отвориле во текот на годината, Ве замолуваме да аплицирате на еден од следните начини:
- со достава на писмо за мотивација, кратка биографија со фотографија (CV), копија од дипломата за завршено формално образование и копија од сертификати и од други дипломи на електронската пошта
career@alkaloid.com.mk со назнака
„За влез во базата на потенцијални кандидати“;
- со креирање личен профил на следниот линк:
https://career.alkaloid.com.mk
Вкупната големина на електронската апликација не треба да надминува 20 MB.
АЛКАЛОИД АД Скопје го задржува правото да исконтактира со заинтересираните кандидати, доколку се појави потреба во текот на годината.