Препорачани огласи

Битстрим Телеком вработува 45 програмери

Битстрим Телеком вработува 45 програмери

10.12.2020
Работодавец: Битстрим Телеком доо Скопје
Категорија: Информатика и телекомуникации
Позиција: Програмер (м/ж)
Тип на вработување: определеновреме
Место на работа: Скопје, Битола, Охрид, Прилеп
Рок за пријавување: 5 (пет) дена по објавувањето на огласот

Опис на работното место:

Заради проширување на нашиот тим, потребни ни се 45 програмери (м/ж):

- 15 програмери за Web design

- 15 програмери за Android мобилни апликации

- 15 програмери за iOS мобилни апликации

Предуслови за успешниот кандидат:

- предност имаат кандидати кои се запишани на последната година од студии на ЕТФ, ФЕИТ, ФИНКИ или сродно образование во странство; кандидати кои неодамна дипломирале и/или имаат работно искуство
- дипломиран инженер по електротехника/телекомуникации/информатика (VII-1)
- активно познавање на англиски јазик (говорен и пишан)
- подготвеност за постојано професионално усовршување.

Нудиме:

- Платено сместување за кандидатите кои не се од Скопје
- Динамична работа која стимулира развој на стручни вештини и која е прилагодена на оние кандидати кои едноставно не се пронаоѓаат во монотонијата, туку сакаат да се профилираат во повеќе успешно комбинирани подрачја
- Плата по договор.

Доколку сметате дека ова е работа за Вас, Ве замолуваме да ни испратите биографија (со слика) на contact@bitstream.mk 5 (пет) дена по објавувањето на огласот.

Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во најтесен избор.

За нас:

Битстрим Телеком доо Скопје е нова компанија во областа на телекомуникации која нуди телекомуникациски услуги за телеком оператори и големи бизнис корисници.

Останати Препорачани огласи