Вработување

Сообранието на Р. Македонија распишува јавен оглас за избор на три члена

Сообранието на Р. Македонија распишува јавен оглас за избор на три члена

11.02.2019
Врз основа на членот 68 став 2 од Уставот на Република Македонија и членот 48 ставови 2 и 3 од Законот за следење на комуникациите („Службен весникна РепубликаМакедонија" број 71/18), Собранието на Република Македонија, на седницата одржана на 8февруари 2019година, донесе

ОДЛУКА
ЗА РАСПИШУВАЊЕ ЈАВЕН ОГЛАС ЗА НАЗНАЧУВАЊЕ
НА ЧЛЕНОВИ HA СОВЕТОТ ЗА ГРАЃАНСКИ НАДЗОР

I. Собранието на Република Македонија распишува јавен оглас за избор на три члена на Советот за граѓански надзор (во натамошниот текст; Совет) од кои двајца експерти и еден претставник од невладините организации (здруженија) од областа на заштитата на основните човекови права и слободи, безбедноста и одбраната.

II. Член на Советот може да биде лице кое ги исполнува следниве услови;
- да е државјанин на Република Македонија,
- во моментот на распишување на јавниот оглас со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност,
- да има стекнато најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII степен на образование,
- да има работно искуство од најмалку седум години во областа на правото, телекомуникациите и информатичките технологии или пет години работно искуство кај невладините организации од областа на заштитата на човековите права, безбедноста и одбраната.

III. Заинтересираните кандидати пријавата за учество на овој оглас, личната биографија и потребните документи за докажување на исполнувањето на условите од точките I. и II. на оваа одлука, во оригинал или заверена копија на нотар, може да ги поднесат до Собранието на Република Македонија во рок од 15 дена од денот на објавувањето на оваа одлука во „Службен весник на Република Македонија"

IV. Оваа одлука ќе се објави во „Службен весник на Република Македонија" и во весниците „Нова Македонија" „Слободен печат" и „Koha"

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Број 08 -1061/1 ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО
8 февруари 2019година НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Скопје м-р Талат Џафери

Останати Вработување