Живот

Ако соберете ѓубре од улица во Копенхаген, добивате награда

Ако соберете ѓубре од улица во Копенхаген, добивате награда

активен до31.12.2099
11.07.2024
Доколку туристите учествуваат во еколошки активности за време на нивната посета на Копенхаген, ќе бидат наградени со бесплатна храна и активности, соопштуваат од управата на данската престолнина.

Во практика тоа значи дека најголемите туристички атракции нудат награди за подигнување ѓубре, патување со јавен превоз или користење велосипед како превозно средство.

Наградите се движат од бесплатен ручек, кафе или чаша вино до поевтино изнајмување кајак.

Станува збор за пробна кампања наречена „Копенпеј“ (комбинација на зборот Копенхаген и „плаќа“ - to pay на англиски), која започнува на 15 јули, а целта е да се намали влијанието на туризмот врз животната средина.

- Кога патувате во странство, ако летате или одите со автомобил, вие загадувате - вели Рике Холм Петерсен од Туристичката организација на Копенхаген.

Проектот е заснован на доверба, што значи дека е мала веројатноста на некој од туристите да му се бара доказ дека навистина ги извршил бараните активности.

- За некои атракции веројатно ќе треба да покажете фотографија на која возите велосипед или билет за јавен превоз - вели Петерсен.

Доколку надлежните проценат дека акцијата е успешна, таа ќе биде продолжена до крајот на годината.

Извор: ВВС
Фото: Freepik

Останати Живот