Препорачани огласи

Конкурс за практикантска работа во ОКТА АД - Скопје

Конкурс за практикантска работа во ОКТА АД - Скопје

14.03.2019
ОКТА АД-Скопје ги повикува студентите кои се во завршна година на студии од прв циклус или се во втор циклус студии на некој од следните факултети: Економски факултет, Машински Факултет, Факултет за електротехника и информациски технологии и Градежен факултет да аплицираат на огласите за практикантска работа во компанијата.

I. УСЛОВИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ
- Студентот да биде во завршна година на студии од прв циклус или на втор циклус студии;
- Студентот да биде на некоја од следните студиските програми наведени во огласите за секој од факултетите;
- Студентот да има солидно познавање на Англиски јазик.
- Студентот да има познавање на компјутерски вештини наведени во посебните огласи за секој од факултетите.

II. ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРАКСАТА
Практикантот ќе биде континуирано присутен на пракса во ОКТА АД - Скопје во временски период од три месеци, со полно работно време, почнувајќи од 01.04.2019 година.

III. ОБВРСКИ НА ПРАКТИКАНТОТ
- Да достави потполнет документ за упатување на пракса од факултетот испечатен на официјален меморандум од факултетот и заверен со потпис и печат од студентската служба;
- Лонтинуирано да води дневник за текот на праксата;
- Задолжителна редовност во компанијата во текот на тримесечната пракса.

IV. ОБВРСКИ НА КОМПАНИЈАТА
- Да обезбеди ментор на практикантот;
- Да обезбеди храна и превоз на практикантот за целото времетраење на праксата;
- Да му издаде потврда за остварена пракса на студентот со потпис од овластено лице и печат од компанијата, заверена со архивски број.

Посебните огласи за факултетите се достапни на следниот линк.

Сите кандидати е потребно да испратат CV и копии од документи и уверенија кои потврдуваат дека кандидатот ги исполнува условите, на следната е-маил адреса: okta_career@helpe.gr.

Избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју во просториите на ОКТА АД - Скопје, по што ќе се направи финален избор на кандидати и ќе се потпише Договор за соработка со избраниот кандидат. Огласот е отворен најдоцна до 22.03.2019 година.

Останати Препорачани огласи