Препорачани огласи

Оглас за вработување во АЛКАЛОИД. Се бараат: Оператори во производство - Фармација

Оглас за вработување во АЛКАЛОИД. Се бараат: Оператори во производство - Фармација

14.06.2022
Зошто „Алкалоид“?
Затоа што сме една од водечките фармацевтски компании во регионот, која постојано тежнее кон супериорен квалитет на производите, како и кон висока професионалност и континуиран успех. Постојано инвестираме во нашиот сон за поздрав живот на секој поединец, затоа што веруваме дека ЗДРАВЈЕТО Е ПРЕД СÈ!

ПРИКЛУЧЕТЕ СЕ ВО НАШИОТ ТИМ!

Бараме ОПЕРАТОРИ ВО ПРОИЗВОДСТВО – ФАРМАЦИЈА

Работните позиции се за следниве оддели:
Цврсти форми, Пакување лекови, Производство – фармацевтски суровини, Производство – цефалоспорини, Производство – течности и Производство – полуцврсти форми.

Доколку сакате да бидете дел од тимот на Производство – фармација на модерна фармацевтска компанија, која се грижи за своите вработени, и доколку ги поседувате потребните квалификации, ПРИЈАВЕТЕ СЕ!

Како ќе ве препознаеме?
- Имате завршено средно образование – фармацевтски техничар или хемиски техничар.
- Предност е доколку имате искуство во производствениот процес.
- Предност е доколку имате познавања на документите од системот за квалитет – стандардни оперативни постапки за процеси и за работа со машини и со опрема.
- Подготвени сте за работа во три смени.
- Имате основно познавање на пакетот Microsoft Office.
- Максимално сте посветени кон реализирање на задачите и кон почитување на роковите.
- Имате добри меѓучовечки и комуникациски способности.
- Се одликувате со точност, прецизност и со педантност во работењето, со особена грижа кон почитување на стандардите за безбедност и здравје при работа

Цели и одговорности на работното место
- Ги врши сите подготвителни операции за пуштање на производствената опрема.
- Ја следи работата на производствената опрема и на квалитетот на производот и ги воочува евентуалните неправилности во работењето.
- Ги контролира процесните параметри за време на производството.
- Води записи за активностите.
- Ги контролира мерните инструменти на производствената опрема за време на производството.
- Ја реализира зададената норма.

Што нудиме?
- Можности за континуиран професионален и личен раст и развој
- Компетитивни месечни приходи
- Дополнителни награди и бенефити во зависност од остварените цели

АПЛИЦИРАЈТЕ
- Со испраќање писмо за мотивација, CV и копии од сертификати и од дипломи на електронската адреса career@alkaloid.com.mk (големината на прикачените документи да не надминува 20 МВ)

Огласот ќе трае до 21.6.2022

Во процесот на селекција ќе бидат вклучени само кандидатите кои ќе достават целосна документација и кои ги исполнуваат бараните услови. На интервју ќе бидат повикани само кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор.

Изборот на најдобрите кандидати ќе биде извршен во рок од 45 дена од завршувањето на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавените кандидати, а во согласност со член 23 од Законот за работни односи.

За да обезбедиме законита обработка на вашите лични податоци, а во согласност со Законот за заштита на личните податоци (ЗЗЛП), ве информираме дека со испраќање на вашите документи на електронската адреса career@alkaloid.com.mk, вашите лични податоци, вклучително и вашето CV, ќе бидат обработувани исклучиво заради ваше учество во процесот на евалуација и на селекција на кандидати и заради избор на нови вработени на конкретниот оглас, а по завршувањето на постапката за вработување, вашите лични податоци ќе бидат избришани, што е во согласност со Законот за работни односи.

Но, доколку прифаќате вашите лични податоци да се обработуваат и да се чуваат во базата на кандидати за вработување на „Алкалоид“ АД Скопје и за идни вработувања, ве молиме, кога ќе се пријавите на овој оглас, во својата порака испратена на електронската адреса да изјавите дека сте согласни вашите податоци да се чуваат и да се обработуваат и заради ваше учество во процесот на евалуација и на селекција на кандидати за вработување и за избор на нови вработени при идни вработувања.

Доколку во вашата порака испратена на електронската адреса не е содржана ваква изјава за согласност, вашите лични податоци ќе бидат избришани, а доколку е содржана ваква изјава за согласност, вашите лични податоци ќе ги чуваме во рок од 3 (три) години од датумот на аплицирање и ќе ги обработуваме за соодветни работни позиции. По истекот на 3 (три) години од датумот на аплицирање, повторно ќе искомуницираме со вас за да нѐ информирате дали сакате и натаму да ги чуваме вашите податоци или да ги избришеме. Доколку не добиеме повратна информација од вас или доколку не дадете согласност за натамошно чување и за обработка на податоците, ќе ги избришеме.

Воедно, ве информираме дека во секое време може да ја повлечете согласноста за обработка на вашите лични податоци, со што вашите лични податоци веднаш ќе бидат избришани од базата на кандидати за вработување на „Алкалоид“ АД Скопје.

„Алкалоид“ АД Скопје го задржува правото да стапи во контакт со вас како заинтересиран кандидат за вработување, доколку се појави потреба, за сето време додека е активен вашиот профил, односно додека трае вашата согласност за обработка на вашите лични податоци.

Во согласност со ЗЗЛП, во секое време имате право на пристап, исправка, на бришење, ограничување на обработката на личните податоци, како и на преносливост на личните податоци и право на приговор.

За подетално запознавање со обработката на личните податоци на кандидатите за вработување и со нивните права во согласност со ЗЗЛП, ве молиме да ја прочитате информацијата за приватност на кандидатите за вработување и практиканство на „Алкалоид“ АД Скопје на следниот линк https://alkaloid.com.mk/mk/zashtita-na-lichni-podatoci

Останати Препорачани огласи