Препорачани огласи

Оглас за вработување во Сигма-СБ: Се бара програмер и менаџер за развој на бизнисот

Оглас за вработување во Сигма-СБ: Се бара програмер и менаџер за развој на бизнисот

17.08.2023
Сигма-СБ објавува оглас за вработување со полно работно време за 2 работни места:
Еден ПРОГРАМЕР и еден МЕНАЏЕР ЗА РАЗВОЈ НА БИЗНИСОТ/ Business Development Manager

За Сигма-СБ
Сигма-СБ е специјализирана компанија за имплементација на IT решенија за компаниски менаџмент чиј производ е познатиот деловен софтвер SSB ERP. Сигма-СБ врши оптимизација на финансиското работење, набавките, производството, логистиката, продажбата, магацинското работење (WMS), како и на останати други процеси во компаниите, со цел зголемување на нивните приходи и маржи, намалување на времето за реализација, трошоците и губитоците и подобрување на достапноста на нивните производи и услуги. Основана во 1995 год, Сигма-СБ e добро позната регионална компанија која зад себе има докажана реализација на успешни проекти за познати големи регионални и македонски компании.
Повеќе на www.sigmasb.com.mk

1.ПРОГРАМЕР


Квалификации:
• Искуство со програмирање во Delphi
• Искуство со Т-SQL програмски јазик
• Искуство со MS SQL Server база на податоци
• Способност за брзо навлегување и прифаќање на веќе изработени проекти и продолжување на развој на постоечки апликативни решенија

Kлучни задачи и одговорности:
• Изработка на парцијални или нови програмски решенија
• Изработка на репорти
• Учествува во осмислување на техничко решение на дефиниран бизнис процес кој треба да се доработи и имплементира
• Учество во дебагирање и решавање на инциденти поврзани со SQL или извршен код
• Темелно тестирање на секоја завршена задача или операција
• Навремено пријавување на настанати проблеми при релизација на задачи
• Самостојно и совесно извршување на секоја задача
• Самоиницијативност и контрола на сопствениот квалитет на извршување и запазување на договорените рокови
• Способност за работа во тимска околина и тесна соработка со Бизнис аналитичари

Карактеристики:
• Да демонстрира припадност кон тимот
• Прилагодливост кон промени во задачите и окружувањето
• Исполнителност и одговорност кон доделените задачи
• Искреност и отворена комуникација

Предност би имале кандидатите кои го имаат дополнително и следното искуство:
• Изработка на финансиски и ERP апликации (материјално, финансово, плата...)
• Работа на Web апликации
• Искуство со Visual Studio C#, asp.net
• Активното користење на Англиски јазик
Работно време
• Редовно работно време на Сигма-СБ е од 08-16 ч. од понеделник до петок
• За објавеното работно место можна е работа од далечина

Пријавување

Испратете кратка биографија (CV) и мотивациско писмо на е-маил: rabota@sigmasb.com.mk со предмет на пораката: „ Програмер”

Начин на избор

Изборот на кандидати ќе се врши врз основа на доставена документација и интервју. Сите апликации ќе бидат разгледани и оние кандидати кои ги исполнуваат условите ќе бидат повикани во понатамошниот процес на селекција. Сите кандидати ќе добијат известување за статусот на нивната апликација 7 дена по завршување на огласот.

Рок за пријавување: 4 септември 2023 година



2. МЕНАЏЕР ЗА РАЗВОЈ НА БИЗНИСОТ/ Business Development Manager
Во потрага сме по вешта и искусна личност која ќе се придружи на нашиот тим во Сигма-СБ на местото Менаџер за развој на бизнисот (Business Development Manager). Работејќи на оваа позиција, Вие ќе имате клучна улога во креирањето на стратегијата и управувањето со развојот на комапанијата од аспект на Маркетинг, Продажба и Oдржување на релации со постоечките клиенти (Account Management), со цел зголемување на приходите.

Вашата улога ги вклучува следниве активности

  • Развој на стратегија за развој на бизнисот со цел максимизирање на финансиските резултати на Сигма-СБ според можностите кои ги нуди пазарот
  • Планирање на пласман на постоечки производи и услуги
  • Идентификување на можности за развој на нови услуги и производи според потребите на пазарот
  • Зголемување на соработката со постоечките клиенти и развој на долгорочни релации со нив
  • Планирање на маркетинг стратегија и водство во нејзината реализација преку користење на услуги од надворешни маркетинг агенции
  • Планирање на стратегија и управување со целосен продажен циклус на софтверски решенија и диретно учество во продажни активности: контакт, презентација, понуда/предлог за проект, договор за проект, затворање на проект
  • Креирање на стратегија и управување со релациите со постоечките клиенти со цел одржување на задоволството на клиентите, дологорочна соработка и остварување на максимални финансиски резултати од соработката
Потребни квалификации
• Универзитетска диплома
• Искуство во продажба на софтверски или слични проекти
• Искуство во комуникација со деловни клиенти на ниво на извршни директори (C-level)
• Искуство со маркетинг за Б2Б ИТ решенија
• Разбирање на пазарот на Б2Б ИТ решенија
• Капацитет за менаџирање на продажниот процес на Б2Б ИТ решенија
• Искуство во пишување на предлози за проекти (Project Proposal) и препораки до врвниот менаџмент на клиентите
• Искуство со ЕРП системи (продажба и/или имплементација и/или користење ) ќе се смета како предност
• Искуство во управување со продажен процес за Б2Б ИТ решенија ќе се смета за предност

Вештини
• Вештини за управување со проекти и решавање на конфликти
• Капацитет за одржување на релации со клиенти и грижа за нив
• Желба за самонапредување и учење низ работа
• Желба за надминување на очекувањата на клиентите
• Ентузијастички проактивен пристап кон работните обврски
• Вештини во преговарање и решавање на проблеми (issues) кои се пројавуваат во продажниот циклус
• Презентациски и комуникациски вештини (вербални и пишани)
• Одлично познавање на англиски јазик (говор и пишување)
• Одлично користење на потребни софверски алатки (MS Office, Google Drive, MS Teams, ..)
• Возачка дозвола Б категорија
• Спремност за патување и реализација на активности и вон работно време според потребите на работата (клиентите)

Работно време
• Редовно работно време на Сигма-СБ е од 08-16 ч. од понеделник до петок

Пријавување

Испратете кратка биографија (CV) и мотивациско писмо на е-маил: rabota@sigmasb.com.mk со предмет на пораката: „Менаџер за развој на бизнисот”

Начин на избор

Изборот на кандидати ќе се врши врз основа на доставена документација и интервју. Сите апликации ќе бидат разгледани и оние кандидати кои ги исполнуваат условите ќе бидат повикани во понатамошниот процес на селекција. Сите кандидати ќе добијат известување за статусот на нивната апликација 7 дена по завршување на огласот.

Рок за пријавување: 4 септември 2023 година

Со испраќањето на Вашата кратка биографија(CV) и мотивациско писмо, согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на СИГМА-СБ.

Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на посочената електронска пошта

Останати Препорачани огласи