Вработување

Отворени се 2 (две) работни позиции во Владата на Република Македонија

Отворени се 2 (две) работни позиции во Владата на Република Македонија

17.10.2018
Врз основа на член 22 став 1 алинеја 2, став 3, став 8, став 13 и став 14 од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија" бр. 27/14, 199/14, 27/16 и 35/18), член 22, член 23, член 24, член 25, член 26 и член 27 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија" бр. 62/2005, 106/2008, 161/2008, 114/2009, 130/2009, 50/2010, 52/2010, 124/2010, 47/2011, 11/2012, 39/2012, 13/2013, 25/2013, 170/2013, 187/2013, 113/2014, 20/2015, 33/2015, 72/2015, 129/2015, 27/2016 и 120/2018), Правилникот за систематизација на работните места во Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија бр. 435893/1 од 9. 6. 2015 година, бр. 435893/5 од 23. 11. 2015 година, 045107/1 од 28. 6, 2016 година, бр. 045107/4 од 14. 7. 2016 година, бр. 472375/1 од 30. 5. 2017 година, бр. 472375/3 од 4. 8. 2017 година, бр. 472375/8 од 11. 12. 2017 година, бр. 041317/2 од 31. 1. 2018 година, бр. 041317/4 од 12. 2. 2018 година, бр. 041317/8 од 2. 3. 2018 година, 041317/14 од 31. 5. 2018, бр. 041317/16 од 11. 7. 2018 година, бр. 041317/19 од 14. 8. 2018 година и бр. 041317/24 од 18. 9. 2018 година, Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија објавува

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ 04/2018
за вработување на (2) извршители на определено време заради привремено зголемен обем на работа во Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија за следниве позиции:

01. Виш соработник за односи со јавност и стручнооперативна поддршка на заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, неговите кабинетски службеници и вработените во секторот, во Одделението за стручнооперативна поддршка на заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, во Секторот за економски политики, структурни реформи и инвестиции и

02. Соработник за анализа на условите за развој на ЈПП и инвестиции, во Одделението за јавно приватно партнерство и инвестиции, во Секторот за економски политики, структурни реформи и инвестиции. Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија објавува јавен оглас поради привремено зголемен обем на работа за ангажирање на 2 лица на определено време, додека трае потребата на институцијата, a најдолго 1 година, за следниве позиции:

01. Виш соработник за односи со јавност и стручнооперативна поддршка на заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, неговите кабинетски службеници и вработените во секторот, во Одделението за стручнооперативна поддршка на заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, во Секторот за економски политики, структурни реформи и инвестиции;

Потребни квалификации:
Ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен од областа на Економски науки, Туризам и угостителство или Политички науки;
познавање на англиски јазик;
работа со компјутери;
работно искуство најмалку 2 години во струката;
дневно работно време од 07:30/8:30 часот до 15:30/16:30 часот, неделно работно време 40 часа од понеделник до петок;
нетоплата 22. 000, 00 денари со 180EKTC, односно 23. 260, 00 денари со 240 ЕКТС или VII/l степен

02. Соработник за анализа на условите за развој на ЈПП и инвестиции, во Одделението за јавно приватно партнерство и инвестиции, во Секторот за економски политики, структурни реформи и инвестиции;

Потребни квалификации:
Ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен од областа на Економски науки, Правни науки или Организациони науки и управување (менаџмент)
познавање на англиски јазик;
работа со компјутери;
работно искуство најмалку 1 година во струката;
дневно работно време од 07:30/8:30 часот до 15:30/16:30 часот, неделно работно време 40 часа од понеделник до петок;
нетоплата 21. 240, 00 денари со 180EKTC, односно 22. 500, 00 денари со 240 ЕКТС или VII/1 степен

Со пријавата заинтересираните кандидати задолжително треба да ја достават следната документација:
своерачно потпишана пријава за работното место за кое се пријавуваат;
кратка биографија (CV) со задолжително наведен контакттелефон и адреса;
уверение за државјанство;
диплома за завршен степен на образование кое се бара за работното место;
доказ за познавање англиски јазик;
доказ за познавање на компјутерски вештини и
доказ за потребното работно искуство.

Потребната документација во оригинал или копија заверена на нотар да се достави до Архивата на Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија или по пошта на следнава адреса:

Генерален секретаријат на Влада на Република Македонија
Сектор за човечки ресурси
бул. „Илинден" бр. 2 1000 Скопје
(со назнака „за оглас за вработување"

На ковертот да се наведе работното место за кое се аплицира.
Рокот за доставување на потребната документација е три (3) работни дена сметано од денот на објавување на огласот во дневниот печат.
Ненавремената и некомплетната пријава и документација нема да биде разгледувана.
По извршената селекција на пријавените кандидати за пополнување на наведените работни места, избраните кандидати ќе бидат дополнително повикани на интервју во просториите на Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија.
Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија ќе изврши избор во рокот пропишан согласно со член 23 став 2 од Законот за работните односи

Останати Вработување