Препорачани огласи

Оглас за вработување во British American Tobacco

Оглас за вработување во British American Tobacco

17.12.2018
ПРИДРУЖЕТЕ СЕ НА ПОБЕДНИЧКИОТ ТИМ УШТЕ ДЕНЕС!

Потребни ни се лица со енегрија кои притоа поседуваат одлични комуникациски и продажни вештини, за да се придружат на нашата компанија

TRADE MARKETING SPECIALIST
(СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА МАРКЕТИНГ И ПРОДАЖБА) 

ДОКОЛКУ ВИЕ
• сте кул, позитивни, страстни и само-мотивирани да постигнете резултати
• сте друштвени, отворени и искрено заинтересирани за потребите на другите, вклучително и за компанијата и потрошувачите
• сте ориентирани кон потрошувачите и ја разбирате потребата да понудите одлична услуга за клиентите преку циклусот на продажба
• имате одлични комуникациски вештини
• имате амбиција да ги научите и подобрите вашите вештини и знаење за продажба и маркетинг
• имате диплома од средно образование, а пожелно е и универзитетска диплома
• имате познавање за клиенти и брендови (истото ќе се земе во предвид и ќе се смета за предност)

…Одлично! Тогаш ние имаме ИЗВОНРЕДНА можност за вас!
ГЛОБАЛНО НИЕ СМЕ ВОДЕЧКА ТУТУНСКА КОМПАНИЈА, А ОД 2017 И НАЈГОЛЕМА


Главни обврски на носителот на улогата:
• Посета на разни продажни места и давање на поддршка во малопродажбата и HoReCa каналот на дневна основа, како и остварување на секојдневен контакт со вклучените страни
• Покривање на B2B активности во согласност со стратегијата на компаниајта
• Основна малопродажба
• Подршка на “entertainment” каналот (концерти, фестивали, настани, саеми итн.)
• Работа 5 дена во неделата

Услови:
• Пожелно искуство во маркетинг или промоција (вештини за продажба, комуникација и презентација)
• Возачка дозвола, Б категорија
• Течно говорење на англиски јазик (писмемно и усно)
• Компјутерски вештини (Word, Excel, PP итн.)

Ве молиме поднесете го вашето CV на англиски јазик на следниот линк
 ALMAKO_Recruitment@bat.com до 31.12.2018 

БAT е сертифициран како врвен работодавач од 2009 г., а денешната глобална акредитација е признание на нашите заложби во негување и унапредување на кариерите на нашите 55.000 вработени ширум целиот свет.

British American Tobacco (www.bat.com) e лидер на пазарот, глобална организација со долга, воспоставена историја и светла и динамична иднина. Благодарение на нашите луѓе, ние продолжуваме да обезбедуваме пораст и да ги надминуваме очекувањата на се повеќе сложениот и предизвикувачки пазар. Доколу имате талент и мотивација да ни помогнете да успееме, ќе увидите дека и ние сме подеднакво посветени да ви помогнеме вам да го достигнете вашиот целосен потенцијал.

Останати Препорачани огласи