Вработување

Вработување во Министерството за финансии...Отворени се 9 (девет) работни места

Вработување во Министерството за финансии...Отворени се 9 (девет) работни места

18.01.2019
Министерството за финансии врз основа на член 22 став 1 алинеја 5, став 4 и став 8 од Законот за вработените во јавниот сектор (Службен весник на Република Македонија, бр. 27/14, 199/14, 27/16 и 35/18), член 22 став 1 точка 1, член 23, член 24, член 25, член 26 и член 27 од Законот за работните односи (Службен весник на Република Македонија број 62/05, 106/08, 161/08, 114/09,130/09, 50/10, 52/10,124/10, 47/11,11/12, 39/12,13/13, 25/13,170/13,187/13,113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16 и 120/18) и Правилникот за систематизација на работните места во Министерството за финансии, објавува

ОГЛАС БРОЈ 1/2019 ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ

I. Министерството за финансии објавува оглас за вработување на 9 (девет) лица на определено време, за работа на проект, за период од пет години, на следните работни места и тоа:

1.    Советник за следење на договорите во рамки на ОПРЧР, Проектна единица за имплементација на Оперативната програма за развој на човечки ресурси - ОПРЧР - (1 извршител)

Потребни квалификации: стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VIII степен Општествени науки, бизнис, економија или право;
најмалку 2 години практично искуство во имплементација на проекти финансирани од меѓународни организации или најмалку 3 години работно искуство во струката;
одлично познавање на англискиот јазик;
работа со компјутери;
поседување на возачка дозвола;
да е државјанин на Република Македонија;
дневно работно време помеѓу 7:30 и 8:30 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30 и 16:30 часот, неделно работно време 40 часа - од понеделник до петок;
основна нето плата 25.023,00 денари.

2.    Советник за финансиска имплементација на ОПРЧР, Проектна единица за имплементација на Оперативната програма за развој на човечки ресурси - ОПРЧР - (1 извршител)

Потребни квалификации:
 
стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VIII степен Општествени науки, бизнис, економија или право; 
најмалку 2 години практично искуство во имплементација на проекти финансирани од меѓународни организации или најмалку 3 години работно искуство во струката;
одлично познавање на англискиот јазик; работа со компјутери
да е државјанин на Република Македонија;
дневно работно време помеѓу 7:30 и 8:30 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30 и 16:30 часот, неделно работно време 40 часа - од понеделник до петок;
основна нето плата 25.023,00 денари.

3.    Советник за контрола на квалитетот, Проектна единица за имплементација на Оперативната програма за развој на човечки ресурси - ОПРЧР - (1 извршител)

Потребни квалификации:

стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VIII степен Општествени науки, бизнис, економија или право;
најмалку 2 години практично искуство во имплементација на проекти финансирани од меѓународни организации или најмалку 3 години работно искуство во струката;
одлично познавање на англискиот јазик; работа со компјутери;
да е државјанин на Република Македонија;
дневно работно време помеѓу 7:30 и 8:30 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30 и 16:30 часот, неделно работно време 40 часа - од понеделник до петок;
основна нето плата 25.023,00 денари.

4.    Соработник за финансиска имплементација на ОПРЧР, Проектна единица за имплементација на Оперативната програма за развој на човечки ресурси - ОПРЧР - (1 извршител)

Потребни квалификации:

стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VIII степен Општествени науки, бизнис или право;
најмалку 6 месеци практично искуство во имплементација на проекти финансирани од меѓународни организации или најмалку 1 година работно искуство во струката;
одлично познавање на англискиот јазик;
работа со компјутери;
да е државјанин на Република Македонија;
 дневно работно време помеѓу 7:30 и 8:30 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30 и 16:30 часот, неделно работно време 40 часа - од понеделник до петок;
основна нето плата 22.500,00 денари. 


5.    Помлад соработник за ЕУ јавни набавки за склучување на договори во рамки на ОПРЧР, Проектна единица за имплементација на Оперативната програма за развој на човечки ресурси - ОПРЧР - (1 извршител)


Потребни квалификации:

стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VIII степен Општествени науки, бизнис или право;
без работно искуство во струката;
одлично познавање на англискиот јазик;
работа со компјутери;
да е државјанин на Република Македонија;
дневно работно време помеѓу 7:30 и 8:30 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30 и 16:30 часот, неделно работно време 40 часа - од понеделник до петок;
основна нето плата 20.987,00 денари.

6.    Воспитувач, Проектна единица за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст - Детска градинка - (1 извршител)

Потребни квалификации:

стекнати 240 кредити според ЕКТС или завршено високо образование УП/1 степен дипломиран професор по предучилишно воспитание, дипломиран воспитувач на деца од
предучилишна возраст и дипломиран педагог за предучилишно воспитание, дипломиран педагог или со завршено соодветно вишо образование за воспитувачи;
најмалку 1 година работно искуство во струката;
важечка лиценца за воспитувач;
да е државјанин на Република Македонија;
дневно работно време помеѓу 7:30 и 8:30 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30 и 16:30 часот, неделно работно време 40 часа - од понеделник до петок;
основна нето плата 20.462,00 денари.

7.    Дипломиран Педагог, Проектна единица за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст - Детска градинка - (1 извршител)

Потребни квалификации:

стекнати 240 кредити според ЕКТС или завршено високо образование УП/1 степен дипломиран педагог;
најмалку 1 година работно искуство во струката;
важечка лиценца за стручен работник;
да е државјанин на Република Македонија;
дневно работно време 4 часа од понеделник до петок, односно пола работно време - 20 часа неделно;
 основна нето плата 10.231,00 денари.


8.    Дипломиран Дефектолог, Проектна единица за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст-Детска градинка - (1 извршител)

Потребни квалификации:

стекнати 240 кредити според ЕКТС или завршено високо образование УП/1 степен дипломиран дефектолог;
најмалку 1 година работно искуство во струката;
важечка лиценца за стручен работник;
да е државјанин на Република Македонија;
дневно работно време 4 часа од понеделник до петок, односно пола работно време - 20 часа неделно;
основна нето плата 9.573,00 денари.

9.    Виша медицинска сестра, Проектна единица за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст-Детска градинка - (1 извршител)

Потребни квалификации:

стекнати 180 кредити според ЕКТС или завршено У1/1 степен стручно образование - медицинска сестра;
најмалку 1 година работно искуство во струката;
важечка лиценца за стручен соработник;
да е државјанин на Република Македонија;
дневно работно време 4 часа од понеделник до петок, односно пола работно време - 20 часа неделно;
основна нето плата 8.588,00 денари.
 
Заинтересираните кандидати треба да достават докази за исполнување на условите што се бараат за работното место на кое аплицираат, односно:
кратка биографија - СУ со задолжително наведен контакт телефон и адреса;
фотокопија од доказ за завршено образование кое се бара за работното место;
извод од ПИОМ за доказ на бараното работно искуство (период евидентиран во агенција за вработување како работен стаж), фотокопија од уверение за државјанство; фотокопија од доказ за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски), фотокопија од доказ за познавање на работа со компјутери, фотокопија од соодветната лиценца која се бара за работното место и фотокопија од возачка дозвола.

Потребната документација да се достави во затворен коверт на следнава адреса:
Министерство за финансии ул. „Даме Груев" бр. 12,1000 Скопје (со назнака „за оглас за вработување")
На ковертот да се наведе бројот на огласот, со напомена: „Не отворај". 
Рокот за доставување на потребната документација е пет (5) работни дена сметано од денот на објавување на огласот во дневниот печат.
Ненавремената, нецелосната и некомплетната пријава и документација нема да биде разгледана.
По селекцијата на пријавите, кандидатите кои имаат уредна документација ќе бидат повикани на интервју во просториите на Министерството за финансии.
Министерството за финансии ќе изврши избор во рокот пропишан согласно со член 23 став 2 од Законот за работните односи.

Лица за контакт:
Верица Стоилова - тел. 02/ 3255 619; уепса.ѕЕоПоуагаШпапсе.доу.тк
 
Александра Лулкоска - тел. 02/ 3255 624; а1екѕап(Јга.1и1коѕка@ѓтапсе.доу.тк

Останати Вработување