Живот

Зошто не треба да се смеете кога се сликате за пасош?

Зошто не треба да се смеете кога се сликате за пасош?

активен до31.12.2099
20.07.2019
Можеби сте поубави кога се смеете, но тоа не е добра идеја кога се сликате за пасош.

Сите нови пасоши содржат чип со биометриски информации за вас кои се изведени од фотографијата. Тоа е главната причина поради која на фотографијата за овој документ не смеете да се смеете или да носите очила или да бидете претерано нашминкани.

Имено, таа фотографија при пасошката контрола се скенира и клучните карактеристики на вашето лице (како што се раздалеченоста меѓу очите, онаа од врвот на носот до брадата и слично) се користат за генерирање на таканаречени математички мапи.

Сè што ги нарушува или крие тие мерки (како широка насмевка) ја намалува ефикасноста на користениот алгоритам, нешто како фотографија која е надвор од фокусот.

Кога одите на аеродром, вие минувате преку е-капија и тогаш камера ви го скенира лицето. Во тој момент компјутерот одлучува дали математичката мапа генерирана на аеродромот се совпаѓа со онаа во вашиот биометриски пасош. Доколку не е така, може да имате проблеми.

Останати Живот