Друштвото за технички консултантски услуги „ЕкоМозаик“ Дооел Скопје објавува оглас за вработување на:
КОНСУЛТАНТИ ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА и ЕНЕРГИЈА
на неопределено време
Потребни квалификации:
• Минимум образование - Дипломиран инженер ВСС VII/1 степен /240 кредити (дипл.инж. технолог, дипл. инж. за животна средина, машински инженер за енергетика и животна средина, дипл. еколог/биолог, дипл. хемиски инженер, дипл. хидрогеолог/геолог, дипл. градежен инж.);
• Одлично познавање на англиски јазик;
• Одлично познавање на Microsoft Office.
Ќе го сметаме за предност:
• Работното искуство во областа на животна средина или енергетски сектор;
• Поседувањето на сертификат/и од областа на животна средина, енергетска контрола или безбедност и здравје при работа,
• Учеството на обуки од областа на животна средина, енергетска ефикасност, климатски промени и/или заштита на природата;
• Поседувањето на возачка дозвола;
• Познавање на други странски јазици.
Би сакале да внесеме во тимот нови лица кои имаат ентузијазам, мотивираност и желба за континуирано учење, споделување на наученото со другите членови на тимот и кандидати кои можат да придонесат кон заеднички успех и раст на компанијата, но и заштита на животната средина.
Ако сте заинтересирани, подгответе Биографија на македонски и англиски јазик и испратете ги на e-mail адресата:
slavjanka@ekomozaik.com со назнака
„Консултант за животна средина/енергија“.