Живот

Грчки остров нуди бесплатна куќа, храна, земјиште и 500 евра месечнo

Грчки остров нуди бесплатна куќа, храна, земјиште и 500 евра месечнo

активен до31.12.2099
21.06.2019
Преубавиот грчки остров на југот на Пелопонез, Антикитера, официјално има само 20 жители. Поради сè помалиот број луѓе и фактот дека без нив сè ќе пропадне, Грција нуди куќа, парче земја и 500 евра за секој што ќе се насели таму.

ostrov

Високите карпи со поглед кон морето, скриените заливи и пештерите што треба да се откријат, малото село во кое времето застанало и бујната вегетација што го шири мирисот на рузмарин и лаванда секако ќе ви посакаат добредојде. Островот е во близина на Крит. Антикитера е прилично див остров, но недопрената природа е токму она што го прави шармантен. Морето е кристално чисто и совршено за нуркање, а на плажата нема метеж.

Доколку сакате да се исклучите и да најдете мир, ова е вистинско место за вас. На островот постојат само три села во кои доминираат главно бели куќи и тесни улички, но има и неколку таверни и продавници. Туристите го избегнуваат местото, а се чини дека и локалното население му го свртело грбот. Во селото живеат помеѓу 20 и 40 луѓе, нема деца и сè што се случува се случува во селото Потамос.

Затоа се родила генијалната идеја и почнала кампања за повторно населување на островот. Се бараат луѓе што сакаат да се преселат на овој остров и тука да засноваат семејство. Самата природна убавина не е доволна за ваква иницијатива, па затоа властите нудат куќа, обработливо земјиште и 500 евра месечно во текот на првите три години. Во понудата дури има и бесплатна храна.

Засега, околу 15 млади семејства се распрашале за условите.

Останати Живот