Вработување

Оглас за вработување во Министерство за правда - Управа за извршување на санкциите

Оглас за вработување во Министерство за правда - Управа за извршување на санкциите

22.01.2021
МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА
Управа за извршување на санкциите 

ПРОЕКТ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА КАЗНЕНО ПОПРАВНИТЕ УСТАНОВИ ОГЛАС ЗА ВРЕМЕНО АНГАЖИРАЊЕ

Единицата за имплементација на Проектот за реконструкција на казнено-поправните установи е единица формирана со Решение, донесено од страна на директорот на Управата за извршување на санкциите а врз основа на претходна одлука на Владата на Република Македонија

Министерството за правда – Управа за извршување на санкциите има потреба за времено ангажирање на ( 1 ) едно лице и тоа
(1) Специјалист за набавки - 1 извршител

Обврски:
- Подготовка на план за јавни набавки под водство на Раководителот на проектот и Главниот инженер;
- Контакти со одговорниот за проектот и Одделот за набавки во Банката за развој на Совет на Европа;
- Развој на систем за следење на набавките реализирани со проектот согласно

Рамковниот договор за заем за делумно финансирање на проектот
- Подготовка на потребната документација за набавка на стоки, услуги и работи во соработка со Управата за извршување на санкции;
- Подготовка и дисеминација на тендерската документација за набавка на стоки, услуги и работи како и барања за доставување на понуди до добавувачите;
- Појаснување на прашања доставени од понудувачите во врска со набавките/тендерите;
- Организирање и спроведување на јавно отварање на понуди за набавка на стоки, услуги и работи;
- Подготовка на нацрт договори со добавувачите во соработка со Раководителот на проектот, Главниот инженер и Специјалистот за финансии, а согласно националната законска регулатива;
- Достава на целокупната кореспонденција и извештаи од комисијата за спроведена постапка за јавна набавка до Банката за развој при Совет на Европа (ЦЕБ);
- Чување на целокупната кореспонденција со Банката за развој при Совет на Европа (ЦЕБ), како и со носителите на набавките,
- Извршување на редовен мониторинг со Раководителот на проектот на проектните активности согласно пропишаните индикатори за мерење на успешноста на проектот.
- Проверка на записници за примопредавање на стоки набавени за цели на крајниот корисник од средства од заемот, усогласени и потпишани од добавувачот и крајниот корисник;
- Подготовка на преглед на состојбата на испорачана стока по однос на записник и склучен договор;
- Развој на систем за следење на набавките реализирани со проектот согласно годишниот план за јавни набавки;
- Формирање и одржување на база на податоци на фирми/консултанти, кои изразиле интерес или учествувале на тендер;
- Евиденција на инвентарот/опремата на Единицата за имплементирање на проектот;
- Набавка на опрема, канцелариски и други видови на материјал, за потребите на Единицата за имплементирање на проектот;
- Други задолженија побарани од Раководителот на проектот;
- Други активности поврзани со проектната документација;

Квалификации:
- Универзитетско образование од областа на економијата, Факултет за странски јазици
- Соодветно професионално искуство од најмалку пет години, вклучувајќи и двегодишно искуство со набавки
- Искуство во работењето со меѓународни и регионални институции ќе се смета за предност
- Добри комуникациски и социјални способности
- Солидно компјутерско познавање (Word, Excel)
- Солидно познавање на Англиски јазик
- Поседување сертификат за јавни набавки

Услови за работа:
Специјалистот за набавки ќе биде ангажиран со полно работно време во Единицата за имплементирање на проектот, во рамките на Управата за извршување на санкции. Исплатата за работниот ангажман ќе се врши месечно, во согласност со Договорот за дело. За неговиот ангажман на проектот важи националната законска регулатива од областа на работните односи.

Специјалистот за набавки ќе биде сместен во канцеларијата на Единицата за имплементирање на проектот, но треба да биде подготвен и за патувања до различни места каде се изведува проектот. Министерство за правда-Управа за извршување на санкциите, Димитрие Чуповски бр.9 1000 Скопје, Телефон за контакт 02 3 223-519 и мобилен 075 444-651.

Останати Вработување