Препорачани огласи

Оглас за вработување во Вивакс. Се бара: Раководител на сметководство

Оглас за вработување во Вивакс. Се бара: Раководител на сметководство

22.07.2019
Вивакс е македонска компанија која постои 25 години и брои повеќе од 100 вработени. Постојаното вложување во модернизација на производствените процеси, ја прават една од најуспешните компании на Балканот, во полето на производство на овошни сокови.

Секој напредок и достигнат успех на компанијата е резултат на успешното функционирање на целиот тим, желбата за заедничка работа и позитивната енергија.

Поради зголемениот обем на работни активности и растот на компанијата, отворена е работна позиција:
РАКОВОДИТЕЛ НА СМЕТКОВОДСТВО 

Одговорности и задачи:
- Комплетно водење на сметководственото работење.
- Книжење на финансиската и материјалната документација.
- Изготвување и поднесување на годишни завршни сметки.
- Пресметка на ДДВ, данок на добивка и персонален данок.
- Пресметка на плати.
- Плаќање на налози.
- Изготвување на фактури.
- Подготовка на финансиски извештаи за потребите на менаџментот од областа на продажба, набавка и финансии.
- Управување со готовински текови.
- Останати сметководствени активности во согласност со сметководствените стандарди и принципи, како и со сите релевантни закони и прописи.
- Уредно водење на документацијата во согласност со сметководствените стандарди.
- Комуникација со сите релевантни државни и приватни институции.

Потребни квалификации:
- ВСС (Економски факултет).
- Уверение за овластен сметководител.
- Минимум 5 години корпоративно, сметководствено искуство во професионална средина (предност имаат кандидатите од ист или сличен сектор).
- Одлично познавање на англиски јазик.
- Одлично познавање на MS Office пакет програми (Word и Excel) и развиени компјутерски вештини.

Од кандидатот очекуваме:
- Самоиницијативност, лојалност, исполнителност и чесност.
- Организираност и одговорност.
- Цврста работна етика.
- Способност за извршување на работни задачи, врзани со рокови и проценка на приоритети.
- Високо развиени аналитички и организациски способности и прецизност во работењето.
- Динамичност и ефективност.
- Способност за индивидуална и тимска работа.
- Флексибилност и адаптибилност.
- Високо развиени комуникациски и меѓучовечки односи и ефективна вербална комуникација.

Ви нудиме:
- Работа во динамична, професионална и стимулативна средина.
- Можност за напредување и понатамошно усовршување во работата.
- Позитивна тимска атмосфера.
- Обезбеден оброк.

Сите заинтересирани кандидати нека испратат свое CV со фотографија не постара од 6 (шест) месеци и мотивационо писмо на e-mail: vrabotuvanje@vivaks.com.mk со задолжителна назнака “РАКОВОДИТЕЛ НА СМЕТКОВОДСТВО “.
Конкурсот е отворен 10 работни денови од неговото објавување.

Напомена:
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Апликациите без назнака НЕМА да бидат разгледани!

Останати Препорачани огласи