Препорачани огласи

Оглас за пракса во Либерти Скопје

Оглас за пракса во Либерти Скопје

23.01.2023
Liberty House Group е член на GFG Алијансата, глобална групација на независни бизниси со фокус на природни ресурси, обновлива енергија и производство на челик.

ЛибертиСкопје е еден од најголемите производители на челик на Балканот и нуди производи за градежната и општата индустрија. Како општествено одговорна
компанија, постојано се стремиме да го поттикнеме развојот на младите кадри преку практикантска програма во различни области.

Во таа насока , Либерти Скопје нуди пракса на менторски принцип во:

- Сектор за човечки ресурси и правни работи

Времетраење на праксата: 3 месеци, полно работно време.

Потребно знаење: напредно познавање на Excel

Придобивки:
• континуиран процес на учење и развој на вештини во професионална работна атмосфера
• стекнување искуство во меѓународна компанија и потврда за реализирана практична настава
• покриени трошоци за превоз и храна

Наменето за студенти (апсолвенти, постдипломци) и дипломирани од кои се:
• комуникативни и имаат желба за учење
• сакаат предизвици
• насочени кон успех
• достапни за редовна пракса (40 часа/неделно)

Своето CV можете да го испратите на HRIntern.Skopje2@libertysteelgroup.com

Останати Препорачани огласи