Вработување

Оглас за вработување во Агенцијата за енергетика

Оглас за вработување во Агенцијата за енергетика

23.05.2018
Врз основа на член 1 0 од Законот за основање на Агенцијата за енергетика на Република Маке - донија „Службен весник на Република Македонија„6р, 62/05 41/14 и 83/18) и член 25 од Статутот на Агенција за енергетика на Република Македонија, Управниот одбор на Агенцијата за енергетика на Република Македонија објавува:

ЈАВЕН ОГЛАС
За избор на Директор на Агенцијата за енергетика на Република Македонија

Кандидатите кои се заинтересирани треба да ги исполнуваат општите услови за засновање на работен однос како и следните посебни услови:
- Да е државјанин на Република Македонија;
- Во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
- Има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/I степен и;
- Има минимум 5 (пет) години работно искуство, од кои најмалку 3 (три) години во областа на енергетиката.

Кандидатите треба да ги достават следните документи:
- писмо за мотивација;
- кратка биографија/ CV на македонски јазик;
- диплома за завршено високо образование:
- потврда за предходно работно искуство;
- уверение за државјанство;
- уверение за неосудуваност (не постаро од шест месеци).

Потребната документација, кандидатите ја доставуваат во оригинали или копија заверена на нотар Рокот за доставување на пријавите е заклучно со 08 јуни 2018 година,

НАПОМЕНА: Согласно член 3 од Законот за изменување на Законот за основање на Агенцијата за енергетика на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија„бр. 83/18) Директорот кој е именуван во периодот од денот на влегувањето во сила на овој закон до 01 септември 201 8 година, е должен е да го исполни условот за познавање на англиски јазик најдоцна во рок од една година од денот на неговото именување и тоа: поседување на еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англиски јазик не постар од пет го дини: ТОЕФЕ/1 ИБТ најмалку 74 бода, ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода, ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (В2) ниво, ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) - положен или БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода и АПТИСнајмалку ниво Б2.

На директорот кој нема да го исполни условот за познавање на англиски јазик во рокот од една година од денот на неговото именување му престанува мандатот.

Адреса на доставување:
Агенција за енергетика на Република Македонија
Ул. Јуриј Гагарин бр, 15, 1000 Скопје
(Со назнака; Пријава на Оглас за Директор на Агенција за енергетика на Република Македонија)

Останати Вработување