Препорачани огласи

Оглас за вработување во книготека „Икона“

Оглас за вработување во книготека „Икона“

23.05.2019
Книготека „Икона“ објавува оглас за вработување на продажни референти низ книжарниците на Икона во 4 малопродажни единици и тоа: ГТЦ, Рамстор, Сити Мол и книготека Икона - Парк.

Потребни квалификации:
• Средно или високо образование;
• Претходно работно искуство во струка ќе се смета за предност;
• Пожелно е кандидатите да имаат претходно работно искуство во слична или друга област во времетраење од 1 год.

Ние бараме:
• Подготвеност за работа во смени;
• Работа за викенди

Ви нудиме:
• Месечна плата од 15.000 денари со можност за понатамошно напредување;
• Пријатна работна атмосфера и стимулативна средина;
• Можност за персонален и професионален напредок.

Што треба да направите:
• Биографија со фотографија не постара од 6 месеци
• Мотивационо писмо во кое ќе објасните зошто се одлучивте да аплицирате токму на овој оглас за вработување и зошто сметате дека треба да бидете дел од избраните кандидати и дел од тимот на „Икона“

Потребните документи треба да ги испратите на следните е-маил адреси: info@ikona.mk и office@ikona.mk најдоцна до 10.06.2019 година.

Ве очекуваме!

Останати Препорачани огласи