Живот

На денешен ден пред три децении почина Владо Малески, авторот на текстот на македонската химна

На денешен ден пред три децении почина Владо Малески, авторот на текстот на македонската химна

активен до31.12.2099
23.09.2020
Владо Малески (5 септември 1919 - 23 септември 1984) е истакнат македонски писател, општествено-политички работник, издавач и револуционер. Автор е на текстот на македонската химна „Денес над Македонија“.
Роден е во Струга. Основно образование завршил во Скадар, Албанија, а гимназија во Битола. Студирал на Правниот факултет во Белград, но поради избувнувањето на Втората светска војна, ги прекинал студиите.


Фотоизвор: www.struga.org

Бил учесник во НОБ на Македонија и е еден од најталентираните основоположници на современата македонска проза. Бил директор на Радио Скопје и уредник на списанијата „Нов ден“, „Современост“ и „Разгледи“. Работел во дипломатската служба како амбасадор во Либан, Етиопија и во Полска и бил член на Претседателството на Социјалистичка Република Македонија.

Станал член на Друштвото на писателите на Македонија во 1946 година. Исто така, автор е на сценариото за првиот македонски игран филм „Фросина“. Добитник е на наградите „11 Октомври“, „4 Јули“, „АВНОЈ“, за книжевен опус на издавачкото претпријатие „Мисла“ и Рациново признание.

Останати Живот