Образование

Страниците на министерствата за образование и за здравство сѐ уште не работат

Страниците на министерствата за образование и за здравство сѐ уште не работат

активен до31.12.2099
24.07.2020
Страниците на Министерството за образование и наука и на Министерството за здравство од доцна синоќа се недостапни поради хакерски напад.

Oд Министерството за здравство официјално соопштија дека страницата им е хакирана и дека не работат ниту службените е-адреси, а од Министерството за образование и наука сè уште нема никакво соопштение.


- Министерството за здравство информира дека е хакирана и во моментов не функционира веб-страницата на ресорното министерство. Не функционираат ниту службените е-пошти на вработените во институцијата. Во моментов се истражува што точно се случило, како и за колку време ќе се реши проблемот, за што дополнително ќе информираме - истакнаа од Министерството за здравство.


Исто така, треба да се напомене и дека на фејсбук-страницата на МОН најновата објава е од пред повеќе од една година, па сè уште не се знае како ова министерство ќе ги споделува новостите од тој ресор.


Одговорност за нападот, според пишувањата на „Твитер“, презема групата „АнонОпсМКД“, која минатата недела ја нападна и страницата на агрегаторот time.mk, во период на избори и на нефункционирање на страницата на Државната изборна комисија.

Останати Образование