Вработување

Оглас за вработување во АД ТЕЦ Неготино, отворени се 13 работни позиции

Оглас за вработување во АД ТЕЦ Неготино, отворени се 13 работни позиции

24.08.2018
Врз основа на член 22 и 23 од Законот за работни односи (Службен весник на Р. М. бр. 167/2015, 27/2016) и член 5, 6, 7 и 8 од Колективниот договор на АД ТЕЦ Неготино, во државна сопственост, Неготино, во врска со Одлуката за потреба од заснивање работен однос бр. 04590/1 од 22. 08. 2018 година АД за производство на електрична енергија ТЕЦ Неготино, Неготино објавува

 ЈАВЕН ОГЛАС
За потреба од засновање на работен однос во АД ТЕЦ Неготино, Неготино за извршување на работи на неопределено време, за следните работни места:

1 (еден) извршител приправник на работно место "Одговорен инжинер за котел"
Кандидатот покрај општите услови утврдени со закон, треба да ги исполнува и следните посебни услови:УП1 степен на образование, Машински факултет, со 240 кредити според ЕКТС
Паричниот износ на основната плата е 37. 060 денари.

1 (еден) извршител приправник на работно место „Електричармонтер"
Кандидатот покрај општите услови утврдени со закон, треба да ги исполнува и следните посебни услови:
III/IV степен на образование, електротехничко училиште.
Паричниот износ на основната плата е 21. 015 денари.

2 (двајца) извршители за работно место „Хигиеничар"
Кандидатот покрај општите услови утврдени со закон, треба да ги исполнува и следните посебни услови: I степен на образование, основно.
Паричниот износ на основната плата е 13. 169 денари.

5 (пет) извршители за работно место „Општ работник"
Кандидатот покрај општите услови утврдени со закон, треба да ги исполнува и следните посебни услови:
1степен на образование, основно.
Паричниот износ на основната плата е 13. 637 денари.

2 (двајца) извршители приправници за работно место „Самостоен референт за јавни набавки"
Кандидатот покрај општите услови утврдени со закон, треба да ги исполнува и следните посебни услови:У1 / VII степен на образование, Машински факулет, Електро факултет, Правен факултет, Економски факултет или Факултет за индустриска логистика, со 180 кредити според ЕКТС
Паричниот износ на основната плата е 30. 032 денари.

1 (еден) извршител за работно место „Шеф на магазин"
Кандидатот покрај општите услови утврдени со закон, треба да ги исполнува и следните посебни услови: VI/ VIII степен на образование, Економски факултет, Машински факултет, Електро факултет со 180/240 кредити според ЕКТС.
Паричниот износ на основната плата е 30. 032 денари.

Работната недела трае 5 (пет) работни дена, од понеделник до петок. Полно работно време на работникот изнесува 40 часа неделно, a во текот на работниот ден трае 8 часа и тоа со почеток од 07:00 до 15:00 часот. Огласот трае 5 (пет) работни дена од денот на огласувањето.

Со пријавата (своерачна пријава) во која се наведува за кое работно место се конкурира, кандидатите да достават:

Доказ за завршено образование (оригинал или копија заверена на нотар);
Уверение за државјанство (копија);
Кратка биографија;
Контакт телефон.

Некомплетните и ненавремено доставени пријави нема да се земат во предвид при разгледувањето.

Изборот ќе се изврши во рок од 45 дена по истекот на рокот за огласот.

Пријавата со потребните документи, од кои се гледа дека кандидатот ги исполнува општите и посебните услови, да се достават на адреса:
АД ТЕЦ Неготино, п. ф. 95, с. Дуброво, Неготино (со ознака "за јавен оглас")

АД ТЕЦ Неготино

Останати Вработување