Парламентарниот институт како Посебна организациона единица на Собранието на Република Северна Македонија ги пополнува своите капацитети со вработување високо квалификуван кадар на шест слободни позиции.
Во Секторот за општи анализи, истражувања и евроинтеграции, како и во Секторот за едукација и комуникација, истражувачка библиотека и законодавна архива слободни се две раководни и четири советнички работни позиции за професионалци со искуство во областа на правните, политичките, телекомуникациските или електротехничките науки и тоа:
1. (8) УПР0101Б04000 Раководител на oдделение за правни анализи и истражувања, Сектор за општи анализи, истражувања и евроинтеграции
2. (9) УПР0101В01000 Советник-истражувач и аналитичар по современи политички системи, Одделение за општи анализи и истражувања, Сектор за општи анализи, истражувања и евроинтеграции
3. (10) УПР0101В01000 Советник-истражувач и аналитичар по демократија и владеење на правото, Одделение за општи анализи и истражувања, Сектор за општи анализи, истражувања и евроинтеграции
4. (11) УПР0101Б04000 Раководител на одделение за истражувачка библиотека и законодавна архива, Сектор за едукација и комуникација, истражувачка библиотека и законодавна архива
5. (12) УПР0101В01000 Советник за ИКТ, Одделение за истражувачка библиотека и законодавна архива, Сектор за едукација и комуникација, истражувачка библиотека и законодавна архива
6. (13) УПР0101В03000 Соработник за административна поддршка, Одделение за истражувачка библиотека и законодавна архива, Сектор за едукација и комуникација, истражувачка библиотека и законодавна архива
Покрај исполнување на општите услови за аплицирање предвидени во членот 13 став (2) од Законот за државни службеници се охрабруваат да аплицираат кандидати кои ги поседуваат професионални квалификации соодветни за секоја работна позиција предвидени во Правилникот за систематизација на работните места на Собрание на Република Северна Македонија.
Рокот за доставување на пријавите изнесува (15) дена, сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот на сајтот на Агенцијата за администрација на Република Северна Македонија(не сметајќи го денот на објавувањето). Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.
Процесот на регрутација на кадар во Парламентарниот Институт како и селекцијата на кандидати се поддржани и ќе бидат надгледувани од Националниот демократски институт (НДИ) во Северна Македонија и Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ).
Повеќе за постапката за вработување во документот подолу: