Препорачани огласи

Оглас за работа во МКхост. Се бара: Дигитален маркетинг специјалист

Оглас за работа во МКхост. Се бара: Дигитален маркетинг специјалист

25.09.2018
Најголемиот македонски хостинг провајдер и регистрар на домени МКхост објавува отворен конкурс за пракса со можност за вработување, за позицијата дигитален маркетинг специјалист.

Кои се главните задачи за оваа работна позиција?
- Аналитичко размислување и планирање на маркетинг кампањи
- Истражување на пазар за подобрување на постоечки, како и воведување на нови услуги
- Одржување на официјални компаниски профили на онлајн платформите (веб сајт, блог, социјални мрежи...) - Развој на контент маркетинг

Кои моментални познавања би те издвоиле?
- Одлични вештини за креативно пишување и анализирање
- Социјални мрежи (Facebook, LinkedIn и Twitter)
- Search engine optimization (SEO) и Google Ads
- Email маркетинг

Што значи да се биде дел од тимот на МКхост?
Работата во МКхост е исполнета преку пријателска, динамична и тимски организирана средина, со можности за персонално и професионално унапредување.

Дополнителни информации
Работното време во МКхост е од понеделник до петок, 08:30-16:30.
Испрати го твоето CV со назнака во наслов „Дигитален маркетинг специјалист“ на jobs@mkhost.com.mk најдоцна до 15.10.2018.

Останати Препорачани огласи