Deloitte ДОО Скопје каде што од скоро сте директор е неколку години најголема консултантска компанија на меѓународно ниво? На што се должи овој успех?
Deloitte е океан на можности. Години наназад инвестиравме многу за да создадеме средина во која можат да растат нашите професионалци. Ние сакаме сите наши вработени да се развиваат на свој начин, додека ги усовршуваат своите лидерски способности. Постојано им обезбедуваме на нашите професионалци различни можности за учење и вмрежување, како и предизвикувачки задачи за да им помогнеме во развој на нивните кариери. Нашите вработени се наша најважна и највредна инвестиција.
Иновација, трансформација и лидерство се случуваат на многу начини. Способноста да се решат сложени прашања е критична. На нашите клиенти им помагаме да ги решат нивите проблеми преку креирање на стратегии, до ниво на нивната имплементација, користејќи најновите технологии и иновативни модели. Клучот е да знаете кога да ги искористите новите технологии за да ги подобрите производите и услугите, финансиските перформанси и да го забрзате растот. Ние како консултанти, а особено ревизорите, имаме клучна улога во функционирањето на различните системи во глобалната економија и оваа улога ја сметаме за привилегија и знаеме дека бара постојана будност, како и потполна посветеност.
Создавање на тимови од врвни професионалци во поттикнувачка работна атмосфера, постојан стремеж кон безусловен квалитет на нашите услуги, почитување на високи етички стандарди се добитна комбинација која ја препознаваат нашите клиенти кога избираат кој ќе се грижи за нивниот бизнис. Нашата успешност пак од друга страна претставува и огромна одговорност, која ја имаме кон заедницата. Deloitte како општествено одговорна компанија соработува со различни иницијативи и форуми, кои се фокусирани на прашањата како бизнисите можат да придонесат кон социјален и еколошки прогрес.
Кои се најважните вредности што ги демонстрирате како лидер?
Сметам дека лидерските особини не се поседуваат, тие се дел од наш систем на вредности. И секогаш кога нешто не е дел од нашиот систем на вредности, тешко го применуваме во реални услови. Пред сè најважно е да бидеме искрени со себе си и да утврдиме што претставуваат нашите лични вредности, а потоа да научиме да живееме и работиме во согласност со нив.
Интегритет е нешто што само ние можеме да го створиме и одржиме. Не постои добар начин да направите нешто лошо. Со години наназад стојам зад одлуките што ги носам, верувам во нивна исправност и не дозволувам никаков компромис кога се во прашање искреноста, чесноста и етиката. Донесувањето на одлуки е тежок процес, но и неизбежен за секој вистински лидер. Застанувањето зад тие одлуки исто така бара соодветна храброст и доследност. Без тоа сите напори да се демонстрира водство набрзо би паднале во вода.
Самодовербата на еден лидер се рефлектира во “ученикот го надмина учителот“. Посебно ме радува можноста да бидам советник и ментор во кариерите на голем број млади луѓе. Нивниот напредок ме чини среќен и ми покажува дека инвестирано време и труд даваат резултати. Вложувањето во идни генерации е вложување во иднината на нашите деца, всушност во општеството кое што ќе биде понапредно и со повисока свест од сегашното.
Потполна посветеност и пасионираност во работењето од страна на лидерот води кон дополнителна мотивација кај соработниците. И после 26 години во работа во ревизијата можам да кажам дека со речиси иста страст пристапувам кон секој ангажман како и кога почнав да работам. Разликата е во искуство што го имам денес, но земајќи превид дека професијата континуирано се менува, секојдневно сум ставен пред предизвик да следам, учам и применувам нови стандарди во работењето.
Лидерите водени од сопствени вредности инспирираат лојалност и посветеност кај соработниците. Тоа е возможно само ако ги инспирира и го води процесот преку својот личен пример. Лидерот им помага на соработниците да ја најдат целта и значењето во она што го прават, да се поврзат со визија и вредностите на организацијата и да го достигнат целосен потенцијал. Соработници со кои што работам за мене не се само вработени во организацијата, туку комплексни личности кои надвор од работа имаат приватен живот, семејства, лични интереси. Кога луѓето чувствуваат дека организацијата и лидерот ги разбира нивните потреби на едно пошироко ниво од работно опкружување, создаваат емоционална врска со организација и се чувствуваат како еден (as one). Тоа е влијанието кое секојдневно сакам да им го пренесам на моите соработници (impact that matters).
Кажете ни нешто повеќе за Deloitte Скопје
Deloitte во Скопје е основан уште далечна 1994 година. Започна како мала канцеларија, а во овој момент имаме вкупно 25 вработени во секторот за ревизија и даночен консалтинг. Со години наназад бележиме раст и развој, а нашата цел е да станеме неприкосновен лидер. Со години, како на глобално така и на локално ниво, градиме доверба кај нашите клиенти и особено сме горди на долгорочната, стабилна соработка со клиентите од различни индустрии. Во Македонија најголем дел од услугите на Deloitte се поврзани со ревизијата и даночните услуги. Наша цел е да развиеме палета на останатите финансиски консултантски, правни и форензички услуги, со цел да бидеме минимум еден чекор пред потребите на нашите клиенти.
Нашиот тим во Скопје е оптимална комбинација на искусни менаџери и помлади асистенти што овозможува специфичен баланс при извршување на секоја задача. Посебно задоволство е дека во нашиот тим секогаш имаме млади луѓе подготвени за нови предизвици и континуирано учење. Отворени сме за соработка со факултетите и студентите кои во текот на нивното професионално образование сакаат да се стекнат и со практично искуство во реални услови.
Постојано работиме на зголемување на потенцијалите за давање на палета на различни услуги, експертиза во многу области, како и фокус кон квалитетот на услугите.
Исто така ова година нашиот тим, по прв пат, заедно со колегите од регионот, учествуваше во одбележување на Меѓународната недела за свест за измами од 16 до 20 ноември, како и на Глобална недела на претприемништво.
Со сите наши активности сакаме да ја дадеме поддршка на нашите клиенти и заедницата, во овие услови кога неизвесноста е голема и влијае на сите нас. Тоа е наша улога и одговорност кон општество во кое што работиме.
Кои се Вашите очекувања во врска со деловното работење на компаниите во однос на промените предизвикани од пандемијата на Ковид-19?
Промените се неминовни. Пандемијата само ја потенцираше важноста на фактот дека компаниите треба постојано да се поттикнати да се движат кон промените и справување со неизвесноста. Суштинските и структурните промени за кои се мислеше дека се далечни, сега се чини дека ќе се појават многу побрзо отколку што инаку би се случиле. Компаниите иновираат брзо, прифаќаат нови начини на работа и учење, дури ја жртвуваат елеганција за поттикнување на брзината во делувањето. Во опкружување каде што промените се одвиваат со неверојатна брзина, стратегијата треба да се фокусира на гледање „зад аголот“, односно на она што следува. Предизвикот го гледам во значително различна средина, која што широко ја нарекуваме, иако не е јасно дефинирана како “нова нормалност“ .
Додека пандемијата ги принуди компаниите да го преиспитаат скоро секој аспект од нивниот бизнис, таа исто така ја потврди важноста на функцијата на стратегијата. И пред да се случи пандемијата, компаниите работеа во неизвесно, сложено и динамично опкружување. Способноста на компаниите да се снајдат во овие услови беше критичен извор на конкурентска предност, уште пред пандемијата. Долгорочните стратегии на компаниите во откривање на промените на пазарот, веќе беа позиционирани да играат клучна улога во откривање на можностите во услови на неочекувани промени.
Секој аспект на водењето бизнис почнувајќи од регрутирање на таленти, соработка со клиентите, градење синџири на снабдување, дигитално брендирање, усовршување на сајбер безбедноста и контрола на податоците, во овој момент е предмет на преиспитување и редизајнирање. Пред компаниите е исправен предизвикот, а успешноста на фирмите во голема мера ќе биде определена со нивна способност да препознаат каде и на кој начин е потребно да се изврши трансформација на процесите. Традиционалниот процес на стратешко планирање не одговара на динамиката на моменталното опкружување, и веројатно е дека ќе треба нов пристап кон развивање на долгорочни сценарија, комбинирани со краткорочни цели на компаниите.
Дури и пред пандемијата, клиентите и вработените бараа и очекуваа организациите да дадат приоритет и да демонстрираат општествената одговорност во нивните одлуки и активности. Сè што правиме за време и што ќе правиме по оваа криза мора да биде со силен фокус на градење порамноправни, инклузивни и одржливи економии и општества кои се поотпорни пред пандемии, климатски промени и многу други глобални предизвици со кои се соочуваме.
Какви промени во ревизијата и воопшто во консалтинг услуги се очекуваат во иднина?
Водечки и растечки тренд е дигитализацијата на услугите. Deloitte уште и пред пандемија воведе процеси кои суштински го менуваат начинот на работењето, што подразбира работење преку електронски бази на податоци и софтверски алатки, веб-платформи, дигитално преземање и обработка на податоците од клиентите.
Се очекува понатаму да се проширува имплементацијата на тесна специјализација и користење на интерни и екстерни експерти во сè поширок број на области. Исто така се предвидува зголемување на т.н. дигитална мобилност на работната сила што подразбира непречена работата во разни проекти од различни земји, без да се напушта местото на домување. Посебно е интересно оформувањето на сервисни центри кои ќе преземаат се поголем број од работите кои можат да се извршуваат на далечина. Ова ќе придонесе за воспоставување на доследна примена на сите неопходни процедури и постапки, како и унапредување на квалитетот на работењето.
Достапноста на сите овие новитети придонесе брза реакција на Deloitte Скопје да во услови на Ковид-19 непречено обезбеди работа од дома и на тој начин да го заштити здравјето на вработените и нашите клиенти.
Од друга страна физичкото дистанцирање го отежнува градење на доверба. Во овие услови консултантите треба да покажат дека не носат само совети, туку дека биле и ќе бидат вклучени во развој на резултати. Заложбата за безусловен квалитет на нашите услуги ми дава самодоверба дека активно придонесуваме кон светските трендови во развојот на нашата професија.
(Комерцијална објава)