Вработување

Оглас за вработување во МРТ. Отворени се 4 (четири) работни места

Оглас за вработување во МРТ. Отворени се 4 (четири) работни места

26.07.2018
Врз основа начлен 22 и член 23 од Законот за работните односи (Сл. весник на Р. М. бр. 62/2015, 106/2008, 161/2008, 114/2009, 130/2009, 50/2010, 52/2010, 124/2010, 47/2011, 11/2012, 39/2012, 13/2013, 25/2013, 170/2013, 187/2013, 113/2014, 20/2015, 33/2015, 72/2015, 129/2015, 27/2016 и 120/2018), член 5 став 1, член 6 став 1 и член 20г од Законот за вработените во јавниот сектор (Сл. весник на РМ бр. 27/20 14, 199/20 14, 27/20 16 и 35/2018), како и член 66 став 1, алинеја 10 од Статутот на ЈРП МРТ бр. 0 1765/1 од 30. 01 .20 1 5 и Правилникот за систематизација на работни места на Јавниот радиодифузен сервис Македонска радиотелевизија со Табеларен приказ на работните места бр. 023092/2 од 22. 04. 2016 година и Измената и дополнувањето бр. 016954/3 од 07. 10. 2016 година и Измената и дополнувањето бр. 012565/1 од 26. 04. 2018 година, Директорот на МРТ распишува:

ЈАВЕН ОГЛАС бр. 01/2018
За вработување на 4 (четири) извршители помошнотехнички лица во ЈРП Македонска радиотелевизија

ЈРП Македонска радиотелевизија објавува јавен оглас за вработување на 4 (четири) извршители по Работни денови: Понеделник-Недела мaшино-технички лица за следните работни места: Работа во смени.

1. Техничар во логистика 2 во Одделение за планирање, проектирање, развој и одржување на објекти, Сектор за логистика, Заеднички функции и администрација шифра ИНФ 04 01 А02 003 1 извршител(и):

Кандидатите што ќе се пријават на огласот треба да ги исполнуваат општите и посебните услови за вршење на работата предвидени во Правилникот за систематизација на работни места на Јавниот радиодифузен сервис Македонска радиотелевизија со Табеларен приказ на работните места бр. 023092/2 од 22. 04. 2016 година и Измената и дополнувањето бр. 0 16954/3 од 07. 10. 2016 година како и Измената и дополнувањето на Правилникот за систематизација на работни места бр. 012565/1 од 26. 04. 2018 година:

Општи услови:
да е државјанин на Република Македонија;
активно да го користи македонскиот јазик;
да е полнолетен;
да има општа здравствена способност за работното место, и
со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови:
со најмалку ниво на квалификации III, 180 кредити според ЕЦВЕТ или тригодишно средно образование КВ/ВКВ машинство или електроника

Работно време:
Работните задачи работникот ќе ги извршува со полно работно време во траење од 40 часа неделно.
Работни денови: Понеделник-Недела Работа во смени.
Паричен износ на основната нето плата изнесува 17. 995, 00 денари.

2. Техничар во логистика 2 во Одделение за енергетика и напојување, Сектор за логистика, Заеднички функции и администрација шифра ИНФ 04 01 А02 003 1 извршител(и):

Кандидатите што ќе се пријават на огласот треба да ги исполнуваат општите и посебните услови за вршење на работата предвидени во Правилникот за систематизација на работни места на Јавниот радиодифузен сервис Македонска радиотелевизија со Табеларен приказ на работните места бр. 023092/2 од 22. 04. 2016 година и Измената и дополнувањето бр. 0 16954/3 од 07. 1 0. 20 1 6 година како и Измената и дополнувањето на Правилникот за систематизација на работни места бр. 012565/1 од 26. 04. 2018 година:

Општи услови:
да е државјанин на Република Македонија;
активно да го користи македонскиот јазик;
да е полнолетен;
да има општа здравствена способност за работното место, и
со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови:
со најмалку ниво на квалификации III, 180 кредити според ЕЦВЕТ или тригодишно средно образование -КВ/ВКВ-машинство или енергетика.

Работно време:
Работните задачи работникот ќе ги извршува со полно работно време во траење од 40 часа неделно.
Паричен износ на основната нето плата изнесува 17. 995, 00 денари.

3. Возач 1 во Одделение за возен парк, Сектор за логистика, Заеднички функции и администрација шифра ИНФ 04 03 A01 001 2 извршител(и):

Кандидатите што ќе се пријават на огласот треба да ги исполнуваат општите и посебните услови за вршење на работата предвидени во Правилникот за систематизација на работни места на Јавниот радиодифузен сервис Македонска радиотелевизија со Табеларен приказ на работните места бр. 023092/2 од 22. 04. 2016 година и Измената и дополнувањето бр. 0 16954/3 од 07. 10. 2016 година како и Измената и дополнувањето на Правилникот за систематизација на работни места бр. 012565/1 од 26. 04. 2018 година:

Општи услови:
да е државјанин на Република Македонија;
активно да го користи македонскиот јазик;
да е полнолетен;
да има општа здравствена способност за работното место, и
со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови:
со најмалку ниво на квалификации IV, 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или четиригодишно средно образование,
Возачка дозвола за Б, Ц и Е категорија.

Работно време:
Работните задачи работникот ќе ги извршува со полно работно време во траење од 40 часа неделно.
Работни денови: Понеделник-Недела
Работа во смени.
Паричен износ на основната нето плата изнесува 18. 652, 00 денари.

Заинтересираните кандидати се должни да поднесат пријава за вработување, како и докази за исполнување на општите и посебните услови во оригинал или заверени на нотар.

Пријавата за огласот може да се подигне од Архивата на МРТ или да се симне од веб страната на ЈРП МРТ www.mrt.com.mk

Рокот за доставување на пријавите изнесува 15 (петнаесет) дена од денот на објавувањето на огласот. Условите наведени во јавниот оглас, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето. Заинтересираните кандидати пријавата можат да ја поднесат во писмена форма преку Архивата на МРТ или по пошта на адреса бул. Гоце Делчев бр. 18 Скопје, (со назнака за Јавен оглас бр. 01/2018 и редниот број на работното место за кое аплицира) По истекот на рокот за пријавување, изборот на кандидатите ќе се изврши во рокот определен во чл. 23 ст. 2 од Законот за работните односи.

Ненавремена, нецелосна и неуредно пополнета пријава нема да биде предмет на разгледување.

Кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата се дисквалификува од натамошна постапка по овој оглас.

Постапката ќе ја спроведе Комисија формирана од страна на Директорот на ЈРП Македонска Радиотелевизија.

Јавниот оглас ќе биде објавен на ВЕБ страната на МРТ и во најмалку два дневни весници од кои најмалку во по еден од весниците што се издаваат на македонски јазик и во весниците што се издаваат на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик.

Останати Вработување