Препорачани огласи

Цементарница УСЈЕ вработува администратор за логистички операции

Цементарница УСЈЕ вработува администратор за логистички операции

27.05.2025
Доколку имате желба да бидете дел од успешен тим и сакате да ги остварите своите амбиции и визија, доколку сте креативни, посветени, насочени кон постигнување резултати и размислувате долгорочно, станете дел од
една од најуспешните компании во земјата

Цементарница УСЈЕ АД Скопје
ГРУПАЦИЈА ТИТАН

објавува оглас за вработување на



Администратор за логистички операции


Цементарница УСЈЕ, дел од Групацијата ТИТАН, нуди одлична можност за Администратор за клиенти. Администраторот за за логистички операции ќе биде одговорен за прием на налозите за продажба, издавање на налози за утовар, изготвување на фактури за странство и документација за извоз, царинење при извоз, средување на документацијата за дневен промет на домашен пазар и за извоз, како и архивирање на документација, по потреба ќе врши организирање на транспортот на цемент. За својата работа одговара на Раководителот на Службата за логистика и царинско работење. Работата се одвива во две смени, од 06-14 часот и од 14-22 часот.

Потребни квалификации:


• Средно образование, IV степен
• Солидно познавање на документација од областа на комерција, основно познавање на документација потребна при извоз и царинење
• Работно искуство во комерција ќе се смета за предност
• Познавање на MS Office апликациите
• Познавање на англиски и албански јазик ќе се смета за предност
• Одлични интерперсонални и комуникациски вештини
• Организираност и способност за забележување детали

Кандидатите треба да ја приложат и следнава документација:

1. Мотивациско писмо
2. Биографија (CV)
3. Доказ за завршено образование


Огласот трае 10 (десет) дена од денот на објавувањето.
Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со Закон. Вработувањето е на определено време до 6 (шест) месеци, со можност за продолжување на неопределено време.

Цементарница УСЈЕ обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, хендикеп, возраст, сексуална определеност, религија или убедување.




Аплицирањето може да се врши на веб страницата на Цементарница УСЈЕ www.usje.mk во делот „Кариера/Придружете ни се“ или на mail: hr@usje.mk или да достават CV во архива во просториите на Цементарница УСЈЕ.


Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.
Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју.

Останати Препорачани огласи