Вработување

Оглас за вработување во Адинг АД Скопје. Се бара: Возач

Оглас за вработување во Адинг АД Скопје. Се бара: Возач

27.09.2019
Деловен систем АДИНГ АД Скопје, една од водечките компании за производство, примена и пласман на хемиски материјали кои се употребуваат во градежништвото има потреба од вработување на: 

ВОЗАЧ
ЗА ПОТРЕБИТЕ НА КАБИНЕТОТ НА ГЕНЕРАЛНИОТ ДИРЕКТОР 

Потребни квалификации:
Завршено најмалку средно образование
Задолжително претходно работно искуство на иста или слична позиција
Поседување возачка дозвола Б – категорија (активен возач, Ц категорија ќе се смета за предност)
Познавање на територијата на град Скопје и Република Северна Македонија
Основно познавање на автомобилската технологија
Познавање на странски јазик

Личен профил:
Одговорна, принципиелна и доверлива личност
Лојалност и професионалност
Навременост и точност
Уредност и самоиницијативност
Развиени комуникациски вештини
Позитивен став

Профил на работната позиција :
Управување на службено возило за потребите на Друштвото
Грижа за техничка исправност и хигиена на службеното возило
Прецизност и точност во извршувањето на работните задачи
Способност за следење на инструкциите за работа и работни упатства
Придржување кон постапките и упатствата на компанијата, како и кон мерките за безбедност и здравје при работа

Што нудиме:
Вработување на определено време од 6 месеци, со можност за продолжување на истото и можност за напредување
Стабилна работа
Редовни и стимулативни примања
Осигурани на полно работно време
Позицијата е со седиште во Скопје, со патување во странство во регионот и пошироко Работно време од 08:00-16:00 h (понеделник-петок)
Од пријавените кандидати ќе се избере едно лице.

Кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на избор, ќе бидат повикани на тестирање и интервју.

Доколку сте спремни за предизвикот да се вклучите во тимот на АДИНГ и ги исполнувате наведените квалификации, доставете апликација со содржина:

• Мотивационо писмо
• CV со фотографија
• Копија од документи со кои се презентираат останатите барани услови

Доколку сте заинтересирани за наведената позиција и Вашиот профил одговара на барањето, Ве молиме пратете Ваша биографија (CV) електронски на следната mail адреса ading@ading.com.mk или по пошта на ул.Новоселски пат (1409) бр.11 Скопје

Останати Вработување