Препорачани огласи

Оглас за вработување во Максимилијан. Отворени се повеќе работни позиции

Оглас за вработување во Максимилијан. Отворени се повеќе работни позиции

28.08.2024
Меѓународно училиште Максимилијан објавува оглас за вработување на посветени и квалификувани наставници за следните позиции:

1. Наставник по англиски јазик
○ Потребно образование: завршено високо образование VII/I степен или 240 ЕКТС од соодветната област-наставна насока
○ Претходно искуство во настава по англиски јазик.
○ Познавање на современи наставни методи и алатки.

2. Наставник по германски јазик
○ Потребно образование: завршено високо образование VII/I степен или 240 ЕКТС од соодветната област-наставна насока
○ Искуство во настава по германски јазик
○ Одлични комуникациски вештини и способност за мотивација на учениците.

3. Одделенски наставник
○ Потребно образование: Диплома од Педагошки факултет (одделенска настава) или сродна област.
○ Претходно искуство во основно образование, работа со деца од предучилишна и училишна возраст.
○ Способност за управување со динамичен образовен процес, планирање и реализација на наставата според современи стандарди.

Наставник по природни науки (договор на дело - part-time)
• Потребно образование: Диплома по биологија, хемија, физика или сродна област.
• Претходно искуство во настава на природни науки е предност.
• Способност за пренесување на сложени научни концепти на учениците на разбирлив и интересен начин.


Што бараме:
● Одлични комуникациски и интерперсонални вештини.
● Способност за работа во тим и адаптибилност кон мултикултурна средина.
● Креативен и иновативен пристап во наставата, со користење на модерни технологии.
● Висок степен на професионализам и посветеност на работата.

Што нудиме:
● Работно место во инспиративно и поддржувачко опкружување.
● Конкурентна плата со можности за бонуси врз основа на резултати.
● Постојани обуки и можности за унапредување.
● Модерно опремени училници и ресурси за настава.
● Поддршка од искусен и мотивиран тим на колеги.

Аплицирање:
Доколку ги исполнувате горенаведените критериуми и сте мотивирани да придонесете во развојот на нашите ученици, испратете ја вашата биографија (CV) и мотивациско писмо на jobs@maximilian.edu.mk најдоцна до 06.09.2024.
Со нетрпение очекуваме да ги разгледаме вашите апликации и да станете дел од нашиот тим!

Останати Препорачани огласи